петок, 27 ноември 2026
Најново

АХВ: Во Македонија нема пилешко бразилско месо со салмонела

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Македонија нема пилешко месо со големи количини салмонела, смируваат од Агенцијата за храна за и заветеринарство (АХВ) откако албанските власти запленија 26 тони пилешко месо, увезено од Бразил, откако утврдиле дека содржи високи концентрации на салмонела. 
– Месото и преработките од месо кои се увезуваат во Македонија се безбедни. Увозот се врши исклучиво од одобрени земји за увоз и од одобрени објекти. Секоја пратка задолжително е пропратена со ветеринарно здравствен сертификат со кој се гарантира безбедноста на пратката. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат задолжителна контрола на секоја увозна пратка на граничните премини, вклучително и на пилешко месо и производите од пилешко месо. Контроли се прават и при истовар на увезените пратки. Покрај задолжителниот преглед на документацијата, идентитетот на пратката, физичкиот преглед на пратките, официјалните ветеринари земаат и мостри за лабораториско испитување кои вклучуваат вршење на микробиолошки анализи, појаснуваат во АХВ.  
– Месото и преработките од месо кои се увезуваат во Македонија се безбедни. Увозот се врши исклучиво од одобрени земји за увоз

Поврзани вести