Aикидо клубот Хенбо од Скопје го одбележа јубилејот 10 години од неговото постоење

Изминатиот викенд (28-29.03.2015) аикидо клубот Хенбо од Скопје, еден од основачите на Македонската аикидо федерација, го одбележа јубилејот 10 години од неговото постоење.По повод јубилејот клубот организираше меѓународен аикидо семинар на кој што како предавачи учествува три врвни мајстори во аикидо вештината: Микеле Кваранта од Италија, Јелена Врзиќ од Србија и Едвард Германов од Бугарија, сите носители на високиот 6-ти дан степен. Семинарот беше одржан во СРЦ Кале и беше посетен од 100-тина учесници-аикидо практиканти од Холандија, Русија, Швајцарија, Србија, Бугарија и Македонија. Во рамки на семинарот беше изведена и јавна демонстрација на аикидо вештината која заради слободниот влез беше масовно посетена од заинтересирани граѓани.

 
Во текот на годината јубилејот ќе биде одбележан уште со неколку активности како што се посета на семинари во соседните држави, организирање на месец на гости – предавачи во клубот и др.
Аикидо клубот Хенбо својот прв тренинг го одржа на 10 април 2005 година. Во септември 2006 заедно со уште два македонски клуба ја основаше Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија која официјално е поврзана со Светскиот аикидо центар – Фондацијата Аикикаи од Токио, Јапонија.

Аикидо е боречка вештина со потекло од Јапонија која во последниве години се распространи низ многу градови во Македонија. Практикувана е од граѓани од сите возрасти поради тоа што се вежба за личен развој, а не за натпреварување.
Настанот беше поддржан со спонзорство од АД Македонска пошта – Скопје.По повод јубилејот клубот организираше меѓународен аикидо семинар на кој што како предавачи учествува три врвни мајстори во аикидо вештината: Микел

Пронајдете не на следниве мрежи: