„Ајде Македонија“ стана член на европската мрежа Нула Отпад – Zero Waste Europe

На собранието на Нула Отпад Европа (Zero Waste Europe) што се одржа во Љубљана, Словенија, Ајде Македонија беше примена како рамноправна членка под уставното име во оваа европска мрежа која се залага за елиминирање на проблемот со отпадот преку превенција, реупотреба и рециклирање и силно се противи на неговото горење и закопување.Нула Отпад Европа (Zero Waste Europe) претставува мрежа од 23 граѓански организации од цела Европа, кои ја имаат заложбата за циркуларна економија која има потенцијал да создаде многу нови работни места и претпријатија за да се направи повторна употреба и рециклирање на ограничените материјални ресурси, што е предуслов за одржлива средина за луѓето на оваа планета.
Ајде Македонија на Собранието беше претставувана од Извршниот директор, Блаже Јосифовски кој ја презентираше работата и заложбите на организацијата кои беа проследени со голем интерес од сите организации-членки.
На Собранието се дискутираше и за поврзаноста на отпадот со климатските промени, загадувањето на воздухот, водата и енормното искористување на ограничените ресурси.
Со ова членство Ајде Македонија ќе продолжи поцврсто да чекори по агендата- Нула Отпад и да ја реализира својата програма со поддршка на движењата кои се залагаат за Нула отпад ширум Европа.Нула Отпад Европа (Zero Waste Europe) претставува мрежа од 23 граѓански организации од цела Европа, кои ја имаат заложбата за циркуларна економија

Пронајдете не на следниве мрежи: