Ајкули нападнале две деца во период од 90 минути!

Во Северна Каролина, две деца во неделата биле нападнати  од ајкули во два одвоени напади.На девојчето (12)  му била ампутирана подлактицата, а докторите стравуваат дека би можела да остане и без ногата, додека на момчето му била ампутирана целата рака. Нападите се случиле на одалеченост од три километри во период од час и половина.
Стив Бусер и неговата жена  за време на нападот  биле на плажата, кога луѓето почнале вознемирено да викаат „излегувајте од водата, излегувајте“.
„Видов како некој ја носи девојката од водата, луѓето се собраа околу неа за да и помогнат, беше прилично страшно“, рекол Стив.

Според Бусер, тој ден  бил како „ноќен кошмар, имало многу крв, луѓето се обидувале да го спречат крвавењето на девојчето“.
Бети Валас, градоначалничка на Оак Исланд, вели дека девојчето го спасил човек кој ги слушнал нејзините крици и допливал до неа.
Друг инцидент бил пријавен во 17:30 часот, а Валас изјавила за медиумите дека 16 годишно момче ја изгубило раката  и дека било пренесено во болница со хеликоптер.

Валас вели дека нема никакви детали за околностите на напдите, вклучувајќи и тоа што правеле жртвите во водата и колку биле одалечени од брегот.
Пратени се екипи да патролираат и да ги предупредат сите пливачи  да излезат од морето, а испратен е и хеликоптер за барање на ајкулите.
Валас исто така повикала состанок со градската управа за официјално да одлучат дали  ќе ја затворат плажата за јавност.

Градоначалничката  рекла дека не знае  зошто се толку чести  средбите  со ајкулите, а пострите  жители не можат да се сетат на ниту еден напад во изминатите 6 години.
„не сакам сите да мислат дека е ова едно од оние подрачја каде морате да се грижите за напади од ајкули. Но во блиска иднина, луѓето мораат д бидат екстремно  внимателни“, советува Валас.На девојчето (12)  му била ампутирана подлактицата, а докторите стравуваат дека би можела да остане и без ногата, додека на момчето му била ам

Пронајдете не на следниве мрежи: