Само во првиот ден по премиерата Ајрон мен 3 заработи вчудовидувачки 70 милиони долари.
Вкупно целиот викенд се заработени 170 милиони долари, што го прави овој филм втор по заработувачка во историјата на бокс офисот во САД.
А ако се соберат и парите, односно заработувачката надвор од САД Ајрон мен веќе се движи кон пола милијарда долари, што е многу повеќе од вложеното и докажува дека вреди да се снимаат вакви „семејни“ филмови. Семејни во смисол дека во кината ги забележавме родителите со своите деца, како одат заедно да го погледнат филмот.
Според наше мислење вреди да се погледне филмот, особено затоа што во Синеплекс дојде три де варијантата која прави задоволството да биде поголемо.
Можеби само цената на билетите е превисока за македонски услови, но тоа е политика на сопственикот на кината..
Подолу и трајлер за филмот, кој е погледнат повеќе од 56 милиони пати.Само во првиот ден по премиерата Ајрон мен 3 заработи вчудовидувачки 70 милиони долари.
Вкупно целиот викенд се заработени 170 милион