Акција, анимирана авантура и хорор филм на репертоарот на Cineplexx

Од четврток, 06 февруари во киното Cineplexx ни пристига акциониот супер-хит „Робокап“!Станува збор за римејк на истоимениот хит од 80-те години на минатиот век во кој главните улоги ги толкуваат Џоел Кинаман, Аби Корниш, Мајкл Китон, Гери Олдман и Самјуел Л. Џексон. Филмот го режираше Хозе Падила, најпознат по режисерското ремек-дело „Елитен одред“ за кој беше награден во 2008 година, на филмскиот фестивал во Берлин.   
Македонската публика ќе има можност да го погледне филмот на една недела пред САД!
За одлуката да го режира токму овој филм Хозе Падила изјавува: „Сакав да снимам филм кој
говори за релацијата помеѓу фашизмот и автоматизацијата при спроведување на законите, како што впрочем беше и со првиот филм. Но сакав да го направам актуелен, согласно фактот дека сме на работ да се соочиме со оваа реалност“. Тој додава „Предизвик беше да направам филм кој ќе допре до главните политички идеи и кој ќе прикаже што значи да останеш хуман, а во исто време да ја задоволиш широката публика. Мора да направиш баланс меѓу драма и забава, но преку вистинскиот тон на изразување.“
И Македонија е дел од оваа филмска приказна. Студиото за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х  беше дел од тимот на изработката на ефектите на најпознатиот полицаец на светот Робокап, резултат на соработката со Method Studious која започна во 2013. На филмот работеа 22 артисти на 112 кадри со должина од 118 минути.
На репертоарот ќе се најдат и два хорор филма. Станува збор за „Детото на злото“ и  „Паранормална активност: Обележани“.
Во филмот „Детето на злото“ дејствието ја следи заљубената брачна двојка Зак и Саманта кои  по големата венчавка во црква заминуваат на тропски меден месец со големи планови за иднината.

 
Меѓутоа, плановите се комплицираат во оној момент кога на патувањето ќе се изгубат и Саманта неочекувано ќе остане бремена. Наспроти тоа, тие продолжуваат да ја слават својата љубов, бележејќи ги сите моменти со видео камера. Набргу вознемирувачки случувања ќе почнат да укажуваат на тоа дека бебето кое го носи Саманта е олицетворение на вистинското зло.
За најмладите премиерно ќе биде прикажан анимираниот „Лего Филм“, првиот авантуристични долгометражен лего филм. Режиран е од страна на Фил Лорд и Кристофер Милер (Облачно со врнежи од ќофтиња 2). Главниот лик на оваа компјутерски анимирана приказна е Емет – обична, послушна и совршено просечна лего мини фигура за која ќе помислат дека е посебен. Тој ќе биде најмен да го спаси светот од злогласниот тиранин, мисија за која тој е урнебесно неподготвен.   
Секој кој некогаш има проектирано вселена користејќи делчиња од подот во својата соба, знае што значи да пораснеш со полни кутии од ЛЕГО коцки. Сценаристите и режисери Лорд и Милер велат: „Градевме вселенски бродови и секакви лудости, но не се работи само за градење туку за безбројни идеи, за изразување кое е неодоливо и возбудливо“. Тие додаваат „Како режисери, се фокусиравме на нешто друго. Не инспирираше хуморот кој извира од меѓународната ЛЕГО заедница, од форумите на кои луѓето ги делат своите креации и се поголем број на единствени краткометражни филмови во кои главните улоги се ЛЕГО мини фигурите“.
Повеќе информации за филмовите можете да најдете на веб страната www.cineplexx.mk  и на facebook страната https://www.facebook.com/CineplexxMakedonijaСтанува збор за римејк на истоимениот хит од 80-те години на минатиот век во кој главните улоги ги толкуваат Џоел Кинаман, Аби Корниш, Мајкл Китон,

Пронајдете не на следниве мрежи: