В сабота (28 мај 2016) со почеток во 10 часот на езерцето спроти арената „Филип Втори“ во Градски парк во Скопје ќе се одржи првиот настан од проектот „Сите во кајак“, кој има цел да им овозможи на 3000 деца, на повеќе локации во земјава, да ги направат првите чекори и да се запознаат со овој спорт.Кампањата, чиишто носители се Кајакарската федерација на Македонија и Кајак кану клубот „Илинден“, ќе се обиде да привлече нови членови, да создаде база и нови сили во олимписката дисциплина. Скопскиот настан е прв во низата која во текот на летото ќе продолжи во Ресен, Дебар, Кочани, Штип, Велес, Охрид, Струга, Маврово, каде што нашите сограѓани ќе можат да се започнаат со привлечноста на кајакарството. Тренерскиот тим, соодветната опрема, активистите едукатори ќе им бидат на располагање на сите заинтересирани во терминот од 10 до 13 часот.Кампањата, чиишто носители се Кајакарската федерација на Македонија и Кајак кану клубот „Илинден“, ќе се обиде да привлече нови членови
Пронајдете не на следниве мрежи: