Ако често ве боли глава, имате бубулици и проблеми со ноктите, тогаш ПОД ИТНО морате да го прочитате ОВА – Во прашање е вашето здравје!

За да го зачувате своето здравје, на вашето тело му се потребни сите витамини и минерали, но понекогаш поради густиот распоред тешко можеме да јадеме само здрава храна. Ако ова можеби и вас ви се случува, потрудете се да не го игнорирате своето здравје.Главоболка
Понекогаш главоболката може да биде предизвикана од недостаток на магнезиум, а таа лесно може да се отстрани со една банана или зелка на редовна база.
Грчеви во мускулите
Ова исто така може да е предизвикано од недостаток на магнезиум. Обидете се да се бањате во врела вода со горка сол која содржи магнезиум, за вашата кожа да може да го апсорбира.
Нокти што се двојат и сува коса
Ова е знак дека ви недостасува витамин Б7. Јадете повеќе квасец, сирење и кикирики за ноктите да ви бидат повторно здрави.
Слаба коса
Доколку забележите дека ви опаѓа голем дел од косата за време на чешлањето тоа е знак дека ви недостига железо. Јадете повеќе зеленчук со темно зелени листови и црвено месо.
Бели пликови
Доколку имате пликови на зглобовите и прстите, тоа укажува дека имате недостаток на есенцијални масни киселини. Нив можете да ги надокнадите со јадење на рибино масло, морски плодови, риба и ореви.
Лупење на кожата
Ако забележите дека кожата често ви се затегнува, ве чеша или се рони или е груба на допир, значи дека и треба хидратација. Настојувајте да користите богата хидратантна крема во текот на денот, а масна крема во текот на ноќта. Повремено може да ставите хранлива маска за сува кожа.

 

Што се крие зад заморот?
Заморот е аларм кој психата му го праќа на телото. Од замор станувате раздразливи, депресивни, немате волја за било каква активност, што значи дека стресот е причината. Заборавете на утринското или целодневно „излежување“. Наместо тоа одете, трчајте и избегнувајте го целодневното седење.  Дружете се со луѓе со кои делите исти интереси, кои не се енергетски вампири, туку се некои кои ќе ви ја подигнат енергијата и во чие друштво се чувствувате добро во врска со себе.
Проблеми со акни
Ова може да биде знак за недостаток на цинк. Можете да нанесувате креми за да се ослободите од нив, но зошто да не го решите проблемот од корен? Јадете што повеќе храна која содржи цинк, бадеми, семки од тиква, спанаќ и кикирики. Кожата ќе ви биде поздрава и ќе имате поубав тен.
Два најчести причинители за создавање акни се бактериите и хиперактивните лојни жлезди. Кога имунолошкиот систем не работи добро, може да предизвика зголемена работа на лојните жлезди што доведува до зголемување на маснотиите под кожата. Така се затнуваат порите, кожата не може да диши и настануваат акни.
Ослабен вид
Ослабениот вид е често последица на долгогодишен начин на живот, исхрана и лоши навики. Индустриски обработената храна, недоволното движење, постојаното седење пред компјутер, пушење итн.  влијаат врз здравјето на очите. Обидете се да го промените животниот стил и навики, и проблемот може да се ублажи.
Надуеност
Знаете ли кога се чувствувате двојно потешки или повторно ја имате онаа непријатност во стомакот? Веројатно сте надуени. Надуеноста често е последица од лошото варење  на храната, односно интолеранција на одредени намирници. Исфрлете ги од исхраната или намалете го внесот на сол, брза храна, газирани пијалаци, тестенини, ориз.
Пожелно е да јадете варен зеленчук, житарици, риба, пилешко или мисиркино месо, јајца, јогурт и зелен чај. Избегнувајте сув зеленчук, алкохол, кафе и сокови. Главоболка
Понекогаш главоболката може да биде предизвикана од недостаток на магнезиум, а таа лесно може да се отстрани со

Пронајдете не на следниве мрежи: