Ако добие шанса да прави влада, Заев не смее да ја прифати платформата

Ако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се договорат за условите за формирање влада, раководството на СДСМ е подготвено да ги прифати сите точки од заедничката платформа на албанските партии и веднаш да направи министерски состав, брифираат за „Дневник“ партиски извори во Социјалдемократскиот сојуз, пишува Дневник.Ако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се договорат за условите за формирање влада, раководството на СДСМ е подготвено да ги прифати сите точки од заедничката платформа на албанските партии и веднаш да направи министерски состав, брифираат за „Дневник“ партиски извори во Социјалдемократскиот сојуз, пишува Дневник.
– Зоран Заев е подготвен на овој чекор, оти политиките и начинот на дејствување го креираат луѓе од надвор, оти доколку се прашува членството, голем дел не се согласува Заев и Ахмети да си подадат рака под овие наметнати услови во партијата – велат тие.
Токму поради тоа, според нашите извори, на лидерот на СДСМ нема лесно да му мине партнерство со Али Ахмети без согласност од членството, ако одлучи да ги прифати сите услови на платформата.
– Добар дел од луѓето во СДСМ нема да го дозволи тоа, оти се коси со целата борба изминатиот период, односно со сите принципи за кои говореше и самиот тој уште од почетокот на објавувањето на бомбите пред повеќе од две години – нагласуваат тие.
Формирањето влада е најгорливото прашање за кое се дискутира меѓу членството, особено меѓу оние кои не се согласуваат со чекорите кои ги презема Заев. Но прашањето за формирање влада не било на дневен ред на состанокот на Централниот одбор на партијата што се одржал вчеравечер. Пред почетокот на состанокот од СДСМ само кусо ни рекоа дека на дневен ред се технички прашања врзани повеќе со локални планови и реализации. Во врска со прашањето за платформата и формирањето на владата ни рекоа оти Заев завчера го кажал својот став.
– Јас искрено верувам дека по 29 јануари мандатот ќе биде во наши раце поради сите аргументи што ~ се познати на целата јавност. Имаме и тоа како што да искоментираме за платформата и ќе излеземе со свој став во наредните денови, како што наближува крајот на мандатот на Груевски за состав на влада. Албанските партии ја објавија платформата со конкретна цел – за мандаторот Груевски да ја слушне – изјави Заев пред два дена.
Молк од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ
Од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ вчера не сакаа да коментираат во која насока течат преговорите.
– Секој кажан збор во овој момент може да му наштети на процесот. С` ќе се знае кога ќе дојде време – ни рекоа од двете страни.
Некои медиуми претходно објавија дека веќе е договорено оти двојазичноста ќе се регулира преку измена на Законот за јазиците, но од двете партии нема ниту потврда ниту демант. Вчера се состанало и раководството на ДУИ за да разговора за одлуката што ќе треба да се донесе за само 4 дена, кога истекува рокот за составување на владата.
Изборот на евентуалните министри на Заев е погрешен
Освен во врска со формирањето влада, според нашите извори, незадоволство веќе подолго време владее и поради избраните пратеници од СДСМ, но и во врска со луѓето околу Заев, кои најверојатно ќе бидат идните министри во случај ако опозициската партија треба да го прави владиниот состав.
Станува збор за Фросина Ременски, Оливер Спасовски и другите што секогаш стојат зад Заев на прес-конференциите во партиското седиште.
– Тие луѓе немаат капацитет да ги демократизираат институциите на чие чело треба да седнат – оценуваат нашите извори.Ако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се договорат за условите за формирање влада, раководството на СДСМ е подготвено да ги прифати сите точки од заедничката пла

Пронајдете не на следниве мрежи: