Ако еднаш ја измиете косата на ОВОЈ начин, секогаш така ќе правите!

За брзо освежување на косата наутро, ако немате време за миење, може да искористите спреј за сува коса или нормално сода бикарбона.Веројатно веќе ви досадија тв рекламите кои ве уверуваат дека токму „тој шампон“ за недела дена вашата тенка и нескротлива коса ќе ја претворат во неверојатно убава и бујна. Мислите дека е така? Освен тоа, навикнати сме косата да ја миеме со шампон и регенератор.
Но, дали некогаш ви паднало на памет сами да си направите шампон? Лесно се подготвува а косата после миењето со природниот шампон станува убава, здрава и сјајна.
Природните домашни шампони се сигурни за употреба, а ќе ве чинат помалку од купечките.
Направете шампон дома
За коса со средна должина и густина доволна е 1 лажица сода бкарбона. За почеток полесно е да ја растворите во врела вода, а потоа да додадете ладна. Количински вкупно – чаша од 200 мл. Сето тоа да се направи е навистина многу лесно. Нанесете сода и вода на влажна коса и нежно масирајте по цела должина. Измијте. Косата одлично се мие. После тоа не заборавајте да ја измиете косата уште еднаш со „кисела вода“ (на 2 л вода додадете лажица оцет или сок од лимон), бидејќи постои потреба за одржување кисела средина на кожата на главата…

 
Шампон за суво миење на косата:
За брзо освежување на косата наутро, ако немате време за миење, може да искористите спреј за сува коса или нормално сода бикарбона.
Користете ја исто како бебешка пудра, ставете малку на коренот на косата (но не претерувајте, бидејќи косата ќе ви изгледа бела), оставете неколку минути да делува и да ја впие маснотијата, па потоа добро протријте ја косата, како кога ја миете, и исчешлајте се.
Чистење четки
Сода бикарбона може да ви послужи и при чистење на четки. Едноставно натопете ја четката во сад исполнет со топла вода и неколку лажици сода бикарбона, а доколку сакате да ги дезинфицирате додадете малку избелувач. Веројатно веќе ви досадија тв рекламите кои ве уверуваат дека токму „тој шампон“ за недела дена вашата тенка и нескротлива коса ќе ја п

Пронајдете не на следниве мрежи: