Ако го сретнете ова овошје, ќе ви биде жал да го јадете: Заради неговиот облик, резанките се ѕвездички!

Карамбола (Averrhoa carambola) е тропско овошје со фина арома и кисело-сладок вкус, што потсетува на јагода. Познато е и како кинеска ѕвезда. Дрвото карамбола расте во Индонезија, Индија и Шри Ланка. Ова растение исто така се одгледува и во Јужна Америка и Австралија. Дрвото се одликува со долги редици листови и розови цветови.Сепак, најинтересно во врска со ова растение е неговиот плод, со многу карактеристична форма, поради која често е омилено во многубројните рецепти.
Карактеристичниот облик на ова овошје е формата на ѕвезда, кога ќе се исече на половина. Може да се јаде сирова и готвена.
Често се користи и за декорирање на торти и колачи, но и како овошен додаток на креми и украс за коктели.

Карамболата содржи оксална киселина, која се смета за штетна за луѓе кои имаат проблеми со бубрезите, па затоа се препорачува внимателно консумирање ако сте во оваа група на луѓе.
Се што ви останува е да уживате во овие вкусни и хранливи ѕвездички.Сепак, најинтересно во врска со ова растение е неговиот плод, со многу карактеристична форма, поради која често е омилено во многубројните рецепти.

Пронајдете не на следниве мрежи: