Ако институциите толерираат, народот ќе се справи со платеничката орда

„ Уште повеќе, имаат ли воопшто право да зборуваат во име на народот? Ако е така, тогаш сосема легитимно право има и Енрике Иглесијас да се вклучи во преговорите во Пржино со оглед на фактот дека во исто време собра речиси идентичен број поддржувачи, кои, за разлика од собирот на опозицијата, знаеја што сакаат и зошто се таму.“На агресијата мора да се одговори
Прашањето дали граѓаните непосредно ќе треба да се вмешаат во решавањето на кризата e сѐ почесто во јавноста по последниот обид на хулиганите на Сорос од платеничката револуција да исценираат улични немири со кои би ја радикализирале ситуацијата. Дилемата „како натаму“ не е само на граѓаните на кои им е преку глава од дивеењето на платеничката орда, туку и на самите опозиционери кои, очигледно, имаат сериозен проблем да се договорат по ова прашање, особено во моменти кога на преговарачка маса се договара датум за избори. „Големиот протест“ на платеничката револуција освен тоа што јасно потврди зошто СДСМ бега од соочување со гласачите, покажа и некои други дефекти во општеството.
Прво, СДСМ и Сорос немаат и уште долго време нема да можат да обезбедат поддршка од народот ниту за мирни протести ниту за насилства кои би им помогнале во преземањето на власта. Дури и тие самите се срамат да кажат бројка – колку партиски членови, соросови платеници, криминалци и хулигани успеаја да донесат со автобуси… Дали Заев и соросоидите по собирот, на кој собраа неколку илјади граѓани по различни основи, а кои патем не бараа избори туку апсолутна власт врз сите институции (дури и врз медиумите), имаат право да се изживуваат со целиот македонски народ и со целата држава? Уште повеќе, имаат ли воопшто право да зборуваат во име на народот? Ако е така, тогаш сосема легитимно право има и Енрике Иглесијас да се вклучи во преговорите во Пржино со оглед на фактот дека во исто време собра речиси идентичен број поддржувачи, кои, за разлика од собирот на опозицијата, знаеја што сакаат и зошто се таму.
Второ, Заев и остатокот од безидејното раководство на неговата партија немаат никаков проблем до бескрај да глумат револуционери и да применуваат деструктивни сценарија, наспроти неподготвеноста и неспособноста да седнат на маса и да понудат или прифатат конструктивни предлози како до брзи и легитимни избори кои ќе доведат до излез од кризата.
Трето, платениците и хулиганите ќе дивеат по улиците сѐ додека организаторите дебело ги плаќаат за дивеењето и додека не ги почувствуваат последиците од насилството што го применуваат и на кое повикуваат. Не знам до кога ќе бидат толерирани од институциите, а не знам ниту до кога ќе трае трпението на граѓаните кои повеќе од една година гледаат како пред очи им се уништува државата, но упорно се воздржуваат од реакција за да избегнат конфликт во кој најмногу би загубиле токму граѓаните и државата. Од друга страна, пак, насилниците и платениците вака финансиски мотивирани и институционално толерирани можат до бескрај да уживаат во ограничената примена на законите, да се однесуваат како разгалени детишта и да испорачуваат секакви уцени и ултиматуми само затоа што тоа им го овозможуваат истите институции што ги сметаат за „извршители на режимот“.
Четврто, заканите дека по 18 јуни ништо нема да биде исто се покажаа како апсолутно невистинити. Напротив, со „големиот протест“ опозицијата само потврди дека апсолутно нема никаква моќ и капацитет за да го убеди народот во своите лаги.
По толкав напор за организација, вложени пари и закани, опозицијата и Сорос доживеаја фијаско кое сигурно ќе има влијание врз натамошната одлука на Заев во врска со дефинирањето датум за избори. Платениците имаа можност да се уверат со свои очи дека дури ни опозициски настроените граѓани не го поддржуваат нивното деструктивно однесување и начин на дејствување. Токму од тие причини, за да се оправда бегањето од избори, очекувам наскоро да се дополни списокот со нови идиотски услови и барања. Во меѓувреме, во периодот што следува до изборите (кога и да се случат) СЈО ќе мора да му помогне на коалицискиот партнер да ја урне довербата на народот во нивниот политички непријател ВМРО-ДПМНЕ.
Срамно е тоа што оваа платеничка група, која наплатува милионски суми за антидржавно дејствување, си дозволува да се поистоветува со македонскиот народ и да се претставува како дел од него, а во исто време го навредува и понижува во секоја можна пригода.  Уште победно е тоа што овие платеници себеси се сметаат за некакви херои кога се пресметуваат со спомениците и со објектите или кога скриени зад нивните профили на „Фејсбук“ се закануваат на секој неистомисленик и противник, а, од друга страна, се однесуваат како вистински кукавици кога ќе бидат предупредени дека ќе добијат со иста мерка ако не запрат со насилството врз институциите и со притисоците врз граѓаните. Да бидеме јасни, и по кој знае кој пат да повториме, законите важат за сите исто. Ако институциите го толерираат вандализмот на оваа платеничка банда, тогаш кој е тој што ќе смее да го казни народот поради неговата испровоцирана реакција? Прекумерната толеранција од институциите на системот и од граѓаните, пак, од друга страна, им овозможува на платениците само да си го засилат чувството на ексклузивност во примената на насилство.
Искрено се надевам дека народот како последен линија во одбраната на државата и на националните интереси нема да има потреба да ги преземе работите во свои раце. Но, за да се избегне тоа, ќе треба платениците да се вразумат (што не е за верување) или институциите на државата да покажат волја и капацитет да одолеат на сите притисоци и строго да ги почитуваат законските обврски и можности за заштита на поредокот. Сѐ уште верувам дека од ова наметнато лудило можеме да излеземе единствено институционално, со чесни и со силни луѓе на круцијални позиции. Затоа, ако актуелните не се способни да се справат со оваа платеничка банда и со притисоците на чадорот, тогаш имаат обврска тоа да ѝ го соопштат на јавноста и веднаш да се повлечат од функциите кои им се доверени од народот за да не ја доведат државата на праг на самоуништување. Нивните места нема да бидат пополнети од платеници и од безрбетници, туку од луѓе кои се одлучни да работат за интересите на државата и за никој друг, во секакви услови и по секаква цена.
 
Ненад Мирчевски за РепубликаНа агресијата мора да се одговори
Прашањето дали граѓаните непосредно ќе треба да се вмешаат во решавањето на кризата e сѐ почесто во јавно

Пронајдете не на следниве мрежи: