Ако некогаш сте симнале, или уште полошо сте прикачиле филмови, телевизиски серии или музика на интернет, треба да се плашите. Опасно да се плашите.Според истечената верзија на супертајниот Договор за транспацифичко партнерство (ТПП), носителите на авторските права, како што се холивудските студија, наскоро ќе можат да ве тужат за голема отштета, предупредува британскиот „Дејли телеграф“.
„Викиликс“ објави нешто за кое вели дека е верзија на договорот, кој не само што ќе ги присили провајдерите на интернет услуги да им предадат податоци за нелегалните симнувачи на авторски материјали на големите студија (сопствениците на правата), туку од нив ќе се бара постојано да трагаат по упорни пирати и да ги ловат. Тоа што е уште поалармантно е што истечениот ТПП документ стои дека се бара од сите земји што ќе го потпишат договорот, да ги сменат законите за да им се олесни на студијата да ги доведе злоупотребувачите на авторските права пред суд и да бараат отштета.
Во документот стои дека колку некој ќе биде одговорен, ќе зависи од природата на прекршокот со рамка со „претходно пресметана штета“ која ќе биде на сила, во смисол „колку ќе биде доволно да му се надокнади штетата на носителот на правата за штетата предизвикана со злоупотребата, и со стремеж да се спречат вакви прекршоци во иднина“.
На почетокот од годинава, креаторите на оскаровскиот филм „Dallas Buyers Club“ ги изнесе пред суд австралиските интернет-провајдери iiNet, Dodo, Internode, Amnet broadbend, Adam internet и Wideband networks, и ги бараше имињата и адресите на околу 4,700 австралијци кои наводно ги прекршиле авторските права со споделување на филмот на интернет – и добија.
Сепак, случајот се соочи со голема сопирачка во август, кога судијата Нај Перам од Федералниот суд одби да нареди објавување на имињата на корисниците, се додека тужителот не ги промени своите побарувања.
Судијата Перам проценил дека предлогот на ДБЦ да се казнат тие што го споделувале филмот со илјаднци долари на основа на хонорари преку лиценца се предалеку од обемот да бидат „издржливост“.
Тој проценил дека команија може да биде обештетена со цената на чинење на изнајмување или купување на филмот, и со трошоците направени со откривање на имињата на новодните спуштачи на филмот.
Во обид компанијата да не ги пречекори обврската овластувањата, тој исто пресуди дека објавувањето на детали ќе биде отфрлено ако ДБЦ се согласи кауцијата од 600,000 долари да ја загубат ако ги прекршат пресудите на судот.
Според истечениот ТПП договор, штетата која ја бараат носителте на авторските права во австралиските судови, може да биде многу повисока.
Во документот исто стои дека интернет провајдерите треба да ги сносат трошоците од следењето и идентификувањето на наводните пирати, и дека тие мора „експедитивно да ги остранат или да им оневзоможат пристап до материјали кои се наоѓаат на нивните мрежи или системи, се до конечното нивно признавање дека сториле прекршок“. Но таму исто стои дека земјите кои го потпишале договорот, треба да обезбедат и „правни субвенции за провајдерите на интернет услуги за соработка со носителите на авторските права, за да се спречи неовластено складирање и пренесување на авторски материјали или алтенративно, да преземат други мерки за да се спречи неовластено складирање и пренос на авторски материјали“.
Со претходно протекување на неколку верзии од ТПП, трошоците треба да ги сносат студијата, извести ЗДнет.
Во Австралија, дебатата околу тоа кој ќе ги сноси трошоците поврзани со откривањето и идентификацијата на нелегалните спуштачи ја одложи имплементацијата на контроверзната политика на три удари.
Австралиските провајдери на интернет услуги составија Кодекс на индустријата за предупредување за авторските права, во обид да се намали онлајн пиратеријата.
Со тој кодекс, корисниците кои се сомничат за нелегално спуштање на содржини ќе бидат бомбаридрани од провајдерите на интернет услуги со серија предупредувања за големи прекршоци.
По првото предупредување, корисникот ќе добие стандардна електронска „едукативна“ пошта, а ако продолжи да ги крши авторските права, ќе му биде испратено „предупредување“ по кое ќе следува „финално“ предупредување.
Планот на интернет провајдерите да откријат нелегални спуштања преку интернет протоколите на корисниците (ИП), а потоа да испраќаат писма со предупредувања до сопственикот на сметката.
Електронската порака треба да биде испратена во рок од седум дена од направениот прекршок, и да вклучуваат наслов на делото и датумот и времето кога се случило спуштањето.
Во последното предпредување, кое не треба да го носи името на интернет провајдерот, ќе стои дека сопственикот на сметката може да биде изведен пред суд и се препорачува „да побараат независен правен совет“.
„Шемата три-грешки-и-надвор-од-игра-сте потоа може да започне со прелиминарно спроведен процес на откривање, со кој се обврзуваат провајдерите на интерен услугите да го достават идентитетот на корисникот до носителот на авторските права.
Ако корисникот добие три предупредувања во рок од 12 месеци, сопственикот на содржината – како што се холивудските студија или музички компании – тогаш можат да поднесат до судот барање за пристап до името, адресата и контакт детали за корисникот, и да започнат правен случај против нив.
Кодексот беше планиарн да стапи во функција во септември, но беше закочен заради спорот помеѓу интернет провајдерите и сопствениците на авторски права околу тоа кој ќе ги сноси трошоците околу судскиот процес.
Од докуменотот што истече од Викиликс се чини дека интернет провајдерите треба да го финансираат спроведувањето на чекорите од кодексот.
Договорот ТПП допрва ќе треба да го потпишат и ратификуваат 12 земји од Пацифичкиот круг (САД, Мексико, Канада, Австралија, Јапонија, Малезија, Чиле, Сингапур, Перу, Виетнам, Нов Зеланд и Брунеи). Викиликс вели дека документот е „најблизок до финалната верзија на поглавјето за сопственоста на интелектуалните права на ТТП (Транспацифичкиот партнерство)“.
– Претстои конечниот „правен момент“ кој треба да се појави во документот, но нема веќе да има преговори помеѓу засегнатите страни.
„Договорот беше преговаран тајно од делегации од сите 12 држави кој заедно сочинуваат скоро 40 проценти од светскиот БДП. Поглавјео ги содржи преговараните обврски и механизмоите за спроведување за авторски права, трговска марка и закон за патенти за страните во договорт.
На доворото стои датумот 5 октомври истиот ден кога беше наавен во Атланта, Џорџија, во САД дека 12 држави иуспеале да постигнат согласност по пет ипол години преговори.
По најавата, министерот за трговија на Австралија Ендрју Роб рече дека сеуште треба да се направат подготовки за објавување на текстот од ТПП пред тој да биде формално потпишан.
-Потоа секоја земја сама за себе ќе започне процес на домашно поприлагодување на договорот, рече тој. „За Австралија, ова значи внесување на текстот во парламентот заедно со Анализата на националните интереси и оценката од Комисијата на заедничко заседавање на договорите, во кој сите заинтересирани страни можат да придонесуваат“.
На почетокот на годинава беа донесени закони со кои на носителите на авторските права им се дава можност да поднесат барање до Федералниот суд за блокирање на веб страни во други држави кои нудат содржии со кои се кршат авторските права.
Легислативата против пиратеријата беше донесена во јуни минатата година.
Со тоа, на холивудските студија и на музичките компании во основа им се дозволува директно да одат на суд за да поднесуваат барања за забрана на пристап до веб страни, без да мора претходно да откриваат дали провајдерот на услугите, која е седиште на веб страната, се предизвикувачи на содржини со кои се прави прекршок.
Со цел да биде блокирана веб страната, носителите на правата треба да истрпат „намерно висок праг на тестирање“, па само оние веб страни кои „флагрантно не ги почитуваат сопствениците на авторските права“ ќе бидат укинати.Според истечената верзија на супертајниот Договор за транспацифичко партнерство (ТПП), носителите на авторските права, како што се холивудските сту