Ако сакате да спиете како бебе, тогаш овие 5 работи НЕ СМЕЕТЕ да ги правите пред спиење!

Секојдневната рутина пред спиење може да биде причина за лошиот квалитет на сонот или појава на одредено нарушување на спиењето. Некои промени можат да ви помогнат полесно да заспиете и да бидете поодморени и подготвени за нови активности наредното утро.Еден час пред заминувањето во кревет би требало да посветите на себеси и да се оддалечите од мобилниот телефон, телевизијата или работата за која имате време да ја завршите. Претерувањето во исхраната, исто така може да создаде одредени проблеми.
За да постапите исправно и доволно да се наспиете, следните пет совети ќе ви помогнат да ја смените рутината пред заминувањето во кревет.
Не земајте погрешни апчиња
Кога сте настинати, полнот нос може да ви го попречува спиењето, но тоа исто така го прави и псевдоефедринот, главна состојка во многу деконгестиви – лекови кои се користат за олеснување на затнатоста на носот. Псевдоефедринот, исто така е познат како предизвикувач на несоница.
Што треба да направите: Користете деконгестиви кои се користат исклучиво пред спиење. Тие обично содржат антихистамини кои можат да предизвикаат поспаност, а за нив е најдобро да се обратите на лекар или фармацевт.
Не користете мобилен телефон или други уреди
Научниците откриле дека изложувањето на сината светлина на екранот пред спиење, го потиснува нивото на мелатонин којшто може да го смени вашиот телесен часовник и го зголемува ризикот на дебелеење.
Што треба да направите: Престанете да користите компјутер еден час пред да отидете во кревет и наместете го алармот еден час порано за да можете утредента да продолжите со работа.

Избегнувајте топла купка
Топлата купка може да ви помогне да заспиете, но таа не е толку ефикасна пред спиење. Вашата телесна температура паѓа во текот на вечерта, посебно два часа пред спиењето. Топлата купка предизвикува повишување на температурата и нејзино опаѓање по излегувањето од купката, а тоа ви помага да се опуштите. Вашата телесна температура ве успива, а колку што е на помало ниво – поцврсто ќе спиете.
Што треба да направите: Ако спалната соба се наоѓа во близина на тоалетот, вашата температура ќе остане на повисоко ниво. Битно е да се исушите еден час пред да заминете во кревет.
Не претерувајте со храната
Научниците откриле дека ако одите сити на спиење, вашиот желудник може да стимулира мозочни бранови, а тоа да резултира со кошмари. Нездравата храна ги поттикнува немирните соништа.
Што треба да направите: Вечерајте пред 19 часот. Ако не, тогаш џвакајте помали парчиња храна по 15 пати пред да ги голтнете.
Не карајте се пред спиење
Обидете се кавгите да ги поместите за утре. Ако ги започнете пред спиење, тие уште повеќе ќе ве преокупираат, а размислувањето за нив ќе ве држи будни уште со часови. Стресот и претераната стимулација рпед спиењето предизвикуваат нарушување на сонот.
Што треба да направите: Одлучете дека еден час пред спиење е вашето време за одмор и мир, а избегнувајте и разговори кои би поттикнале било каков вид караница.Еден час пред заминувањето во кревет би требало да посветите на себеси и да се оддалечите од мобилниот телефон, телевизијата или работата за која и

Пронајдете не на следниве мрежи: