Ако секојдневно ги практикувате овие активности, ќе станете попаметни- I дел

Иако многу луѓе веруваат дека интелигенцијата е ограничена за тие со висок коефициент, постојат голем број на потенцијални методи за зголемување на нечии когнитивни способности и поефикасни во различните професионални и лични определби.
Со доволна мотивација и решителност, секој може да ги прошири своите ментални способности и да стане попаметен. Интегрирањето на нови навики во вашата редовна рутина може да го изостри вашиот интелект побрзо и да бидете инспирирани за нови предизвици секој ден. Здравјето на мозокот е важен клуч во целосното физичко здравје. Во првиов дел од текстот се прикажани дел од најдобрите активности за правилна работа на мозокот во секојдневниот живот.Внесување на новости
Од клучно значење е за луѓето да внесуваат нови информации и искуства во нивните животи. На прв поглед, овие моменти се бескорисни, но на крајот, ќе се најдете себеси во потрага на ситуации, каде што ќе сакате да бидете сами.
Посета на нови места
Без разлика дали ова значи учење во друга кафетерија, одење на работа по различен пат или патувањр во друга земја, разновидноста е добра за мозокот. Ова може да биде тешко за распознавање во моментот, бидејќи ќе се чувствувате прилично непријатно- но така е само на почетокот. Во кафуле, не морате да го нарачувате вообичаеното. Разгледајте го списокот со пијалоци, одберете нешто што никогаш не сте го пробале и донесете одлука.
Продолжете го вашето образование
Образованието за возрасни е една од најдобрие инвестиции на време, пари и енергија. Додека образованието е важно во текот на детството и адолесценцијата, возрасните често ја потценуваат својата способност да учат нови концепти и вештини. Со доброволниот избор да се продолжи образованието, добивате добра можност вашиот мозок да создаде нови врски и да изгради повисока интелигенција.

Читајте и гледајте вести
Оваа активност го одржува постоењето на навика. Одвојувајќи половина час секое утро или навечер, за да прочитате весник или да изгледате вести, му помага на вашиот мозок да остане активен. Добивањето на нови информации е добра дневна навика. Вестите нудат интересни теми за читање и гледање и му нуди на мозокот широк оптег на информации.
Читајте книги
Читањето е најосновната навика да се олесни активноста на мозокот, но тоа често претставува една од најразличните можности за истегнување на мозочниот капацитет. Читањето обезбедува практична помош преку воведување на нов речник, презентира примети на правилна употреба на граматиката и ја покажува елеганцијата на добро напишана реченица.
Нови начини за пристап на работа
Работното место е полно со нови искуства. Без оглед на тоа каков тип на работа имате, секој на ваков или таков начин, има можности за слободно размислување, ги решава проблемите на креативен начин и придонесува нови идеи за тимот. Наместо да се вознемирувате за секој нов проблем, важно е да се опуштите и да почнете да си замислувате алтернативи за постигнување на крајната цел.

Вежбање на мозокот
Организациите како Lumosity нудат фантастичен дневен тренинг на мозокот. Со загатки и игри, при кои се зголемува невропластичноста, Lumosity е создаден да го предизвика мозокот да воспостави нови врски. Група на невролози од Универзитетот Беркли во Калифорнија, ја развија оваа програма за стимулирање на мозокот да се адаптира во непозната средина. Програмата доживеа успех по повод добиените резултати.
Избегнувајте ја технологијата за да го одржите мозокот во форма
Технологијата е корисна во модерниот вет, но во некои начини, технолошката зависност го запира капацитетот на мозокот за решавање на проблеми, прилагодување кон новите средини и не сте во можност да бидете сигурен ресурс за практичните работи како математика и GPS(навигација). Обидете се да одите на патување без навигација. Решете неколку задачи со алгебра без користење на калкулатор. Направете мозокот да работи за вас и ќе видите резултати.
Во утрешниот втор дел ќе дознаете за другите активности кои го одржуваат мозокот за правилно да функционира во секојдневниот живот: Ако секојдневно ги практикувате овие активности, ќе станете попаметни- II дел.Внесување на новости
Од клучно значење е за луѓето да внесуваат нови информации и искуства во нивните животи. На прв поглед, овие моменти с

Пронајдете не на следниве мрежи: