Бројот на срцеви отчукувања во мирување кај возрасно лице се смета за нормално ако вредноста изнесува од 50 до 100 отчукувања во минута. Кога бројот на отчукувања ќе порасне над 100 во минута, таквата состојба се нарекува тахикардија. Најчести причини за забрзана работа на срцето се: зголемена телесна температура, анемија или зголемено ниво на хормонот од тироидната жлезда. Забрзаната работа на срцето треба да не загрижува секогаш, а доколку трае континуирано, тогаш треба да се испита причината.Доктор Дражен Шебетиќ специјалист интернист, субспецијалист кардилолог од Поликлиниката Шебетиќ одговара на неколку прашања поврзан со здравјето на срцето.
Што може да биде причина за забрзано чукање на срцето и кога треба да се загрижиме?
Бројот на срцеви отчукувања во мирување кај возрасно лице се смета за нормално ако вредноста изнесува од 50 до 100 отчукувања во минута. Кога бројот на отчукувања ќе порасне над 100 во минута, таквата состојба се нарекува тахикардија. Најчести причини за забрзана работа на срцето се: зголемена телесна температура, анемија или зголемено ниво на хормонот од тироидната жлезда, земање на некои лекови, нагло дебелеење, стресни ситуации. Забрзаното чукање на срцето треба да не загрижи секогаш, а доколку тоа трае континуирано, тогаш треба да ја истражите причината за неговото настанување.
Дали забрзаното чукање на срцето е почеста кај жените или кај мажите?
Зголеменото ниво на хормонот од тироидната жлезда, но и слабокрвноста се почести кај жените, па така и појавата на забрзана работа на срцето е исто така почеста кај жените.
Мажите и жените имаат различна реакција на стрес иако забрзаниот пулс може да биде реакција на стрес и под различни околности, каде обата пола реагираат подеднакво: при напад, борба или бегство, односно при егзистенцијални услови и пригоди.
Каква е поврзаноста помеѓу срцебиењето и анемијата?
Анемија е состојба во која концентрацијата на хемоглобинот е намалена, преносителот на кислород во нашиот организам, а во случај на анемија, органите и ткивата добиваат помала количина на кислород.
Организмот за да ја надвладее наведената ситуација, развива компензациски механизми, а еден од најчестите и најважните е забрзување на пулсот за да се зголеми количината крв која срцето ја дава и така да го надокнади намаленото количество на кислород. Тоа особено е нагласено при напор, односно, кога и најмалиот напор предизвикува силно забрзување на срцевата работа.
Ако и при секојдневните активности срцето ни работи забрзано што да правиме?
Ако и при секојдневните активности срцето ни работи забрзано во тој случај треба да се направи крвна слика и да се провери железото, бидејќи често кај младите жени се јавува анемија. Исто така треба да се провери и работата на тироидната жлезда, потоа да се анализира функцијата на белите дробови и срцето, да се посети кардиолог, а ако се’ е во ред, тогаш треба да се поработи на кондицијата и секојдневното вежбање.
5 совети за здраво срце во секоја возрасна доба
Контрола на телесната тежина на ниво на индексот на телесна маса (BMI 25kg/m2) или опсег на струкот за жените под 88см (идеално под 80), а за мажите под 102см (идеално под 94 см)
Ако сте пушачи, веднаш престанете со пушење.
Редовно рекреирајте се и занимавајте се со спорт, минимум 30 минути секој ден.
Редовно правете крвна анализа, особено испитувајте ги маснотиите во крвта и притоа внимавајте во исхраната да избегнувате заситени масти.
Научете самојстојно да си го мерите пулсот, па доколку забележите промена, веднаш посетете лекар.Доктор Дражен Шебетиќ специјалист интернист, субспецијалист кардилолог од Поликлиниката Шебетиќ одговара на неколку прашања поврзан со здравјето на