Ако сте КОМПАТИБИЛНИ во овие 3 работи, вие двајца сте СОВРШЕН ПАР

Со оглед на тоа што младите денес избегнуваат брачна заедница, истражувањата покажуваат дека стапувањето во брак e една од најубавите работи кои може да ги направи човекот во својот живот. Животот во брак ги прави луѓето задоволни или посреќни од оние кои се сингл, а особено кога се во средните години или поминуваат низ животни кризи, пишува „Њујорк Тајмс“.Но како да знаеме дека сме на вистинското место, сека сме го избрале вистинскиот партнер за своето животно патување?
Питер Пирсон, терапевт за парови, истакна дека секогаш на прво место е хемијата.
– Хемијата не е се, но ако неа ја нема, ќе биде тешко проблемите да се надминат. Ако е присутна кај едната личност, повеќе отколку кај другата и тоа ќе создаде проблем. Тешко е страста да се пробуди со време, ако ја нем или е мала на почетокот. Кога би можел да најдам начин како страста да профункционира помеѓу двајца личности каде никогаш не ја имало, јас би бил побогат човек и од Бил Гејтс – истакна Пирсон .
Сепак, клучот на една среќна заедница не е само сексуалната хемија. Клучната улога всушност ја игра социјалната хемија, поточно начинот на кој се чувствувате додека го поминувате времето со партнерот. Се работи за тоа како се чувствувате покрај таа другата личнот.
Психологот Ерик Берн има исто мислење по однос на ова прашање. Тој тврди дека секоја личност во себе содржи три „его креации“:

 
– Родители – тоа што не научиле
– Дете – Тоа што чувствуваме
– Возрасен човек – Тоа што сами сме го научиле
Кога двајца луѓе се навистина компатибилни за заеднички живот, тие се поврзани на сите три нивоа. Ова се прашањата кои ќе ви откријат дали се поклопувате на споменатите нивоа:
– Родители: Дали имате слични вредности и уверувања за светот?
– Дете: Дали се забавувате заедно? Можете ли да бидете спонтани еден со друг? Дали мислите дека вашиот партнер е згоден? Дали сакате да патувате заедно?
– Возрасен човек: Дали еден за друг мислите дека сте добри личности, и дека блескате? Дали добро ги решавате проблемите заедно?
Идеално би било двете личности да бидат симетрични во сите три области, но понекогаш се случува партнерите меѓусебно еден на друг да си даваат баланс. На пример, еден од партнерите е премногу активен и незрел, а другиот тоа може да го надомести со својата одговорност и грижа. Меѓутоа, Пирсон истакнува дека таквата комбинација не може да има вечен рок на траење, и дека едната личност на крајот сепак ќе се измори.
Тој вели дека луѓето мораат да се помират со тоа дека другиот едноставно е различен од нив, дека имаат различни желби, чувства, мисли и дека понекогаш не се онакви какви што сме се надевале и очекувале.
Пирсон истакнува и дека тоа е тајната на успехот – да сфатиш дека си одвоен од партнерот и од различните од него, а сепак споен во една целина. Овој терапевт дава и краток тест кој треба да покаже колку сте всушност компатибилни со партнерот.
– Ако живеете заедно и вашиот партнер замине на неколку дена, а вие во домот налетате на некои од неговите омилени дневни предмети, како се чувствувате? Дали сте лути што морате да ги вратите на место, или ви пробудиле некои убави спомени – прашува тој.Но како да знаеме дека сме на вистинското место, сека сме го избрале вистинскиот партнер за своето животно патување?
Питер Пирсон, терапевт

Пронајдете не на следниве мрежи: