Многумина од нас редовно страдаат од вкочанет врат, како резултат на постојано седење пред компјутер, гледање во телефон, таблет и кога се спие во незгодна позиција што предизвикува мускулен спазам. Мускулите и зглобовите кои се „болка во вратот“, навистина можат да предизвикаат физички и психолошки стрес.Приложеното видео не е само објаснување на механизмот за тоа како вкочанетиот врат да се ослободи од болката, туку нуди и неколку начини за вежбање и активирање на точки со кои во голема мера ќе го олеснат вкочанетиот врат рок од 90 секунди!
Со прстите пронајдете го болното место на вратот. Со еден или повеќе прсти, во зависност од површината, притиснете го болното место. Болката мора да биде значајна, но да можете да ја издржите. Доколку местото не можете добро да го дофатите, наместо прстите употребете тениско топче или сличен реквизит.
Потоа, полека движете ја главата спротивно од вкочанетата страна, добро истегнете и свртете ја дијагонално, како да сакате со брадата да ги допрете пазувите. Задржете ја положбата 10 секунди, па опуштете се. На овој начин постепено го опуштате вкочанетиот мускул со помош на притисокот. Оваа постапка повторете ја неколку пати по ред.
Истата ќе ви ја намали непријатната болка во вратот, но доколку истата се повторува секако посетете специјалист за да ја дијагностицирате причината, како и да ви се одреди терапија за долгорочно отстранување на напнатоста.
Погледнете го видеото:Приложеното видео не е само објаснување на механизмот за тоа како вкочанетиот врат да се ослободи од болката, туку нуди и неколку начини за вежбање