ФК Вардар ги известува сите медиуми во земјава, дека за првенствениот натпревар со Шкендија, кој ќе се игра в недела на 24. април (16 часот), нема да важат сезонските акредитации издадени од нашиот клуб.Затоа ги замолуваме претставниците на „седмата сила“, кои се заинтересирани во живо да го проследат овој дуел, преку електронска пошта да испратат барање за акредитирање на нивните новинарски екипи, на една од следниве имејл адреси:
[email protected], или
[email protected]
Во дописот, исто така Ве молиме да ги наведете имињата и презимињата на новинарите, камерманите и фоторепортерите кои ќе го претставуваат вашиот ценет медиум.
Крајниот рок за поднесување на барањата истекува в петок, во 12 часот.Влезот за новинарските екипи ќе биде во подтрибинскиот простор помеѓу Источната и Северната трибина на Националната арена „Филип Втори“. Таму ќе можете и да ги подогнете своите акредитации, на еден час пред почетокот на натпреварот, од каде што потоа ќе бидете упатени кон новинарската ложа на Северната трибина.
Со цел да нема непосакувани недоразбирања, најдобронамерно апелираме навреме да ги доставите вашите апликации, за в недела непречено да можете да си ги извршувате професионалните активности.Со почит,ФК Вардар АД – Скопје.Затоа ги замолуваме претставниците на „седмата сила“, кои се заинтересирани во живо да го проследат овој дуел, преку електронска пошта