Претседателот на Групата на европски народни партии и на демохристијаните во Парламентарното собрание на Советот на Европа Аксел Фишер денеска преку пишана изјава го поддржа одржувањето на предвремените парламентарни избори во Македонија на 24 април, согласно договорот од Пржино. Фишер е еден од највлијателните германски пратеници, пратеник е од 1998 година и е претседател на ЕПП во Совет на Европа.– Претстојните избори во Македонија се најважниот дел на демократијата. На тој ден граѓаните имаат можност да ги изберат своите претставници и ниту една партија, организација или институција не може да го попречи ова право. Ги поддржувам парламентарните избори на Македонија што треба да се одржат на 24 април како највисока демократска можност за граѓаните да ги изберат нивните претставници во Парламентот, да изберат кој ќе ја води земјата во претстојните четири години, стои во изјавата на Фишер.
Според него, очигледно е дека политичкиот договор од јуни/јули со кој се надмина политичката криза во Македонија минатата година е имплементиран во добра верба и дека изборите се последниот и најважниот дел од него. ВМРО-ДПМНЕ, додава, ги имплементираше сите точки од договорот од јуни/јули.
– Апелирам до сите партии во Македонија да не ги бојкотираат изборите поради теснопартиски причини. Барам од Државната изборна комисија и од Министерството за внатрешни работи кое е предводено од опозицијата согласно договорот од јуни/јули да ги направат сите подготовки за кредибилни избори. Никој не смее да го попречува овој важен процес. Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе распореди своја мисија за набљудување на изборите на 24 април. Се надевам дека сите политички партии ќе учествуваат на овие избори со што ќе го забрзаат евроинтеграцискиот процес на Македонија и нејзините граѓани, се вели во изјавата на Фишер.– Претстојните избори во Македонија се најважниот дел на демократијата. На тој ден граѓаните имаат можност да ги изберат своите претставници