Дојдов денеска од Германијa, Берлин за да ги поддржам моите пријатели од ВМРО-ДПМНЕ, носителот на изборната единица 3 Илија Димовски, техничкиот премиер Емил Димитриев, како и водачот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој што сум сигурен дека ќе биде следниот претседател на новата Влада.Ова го изјави Аксел Фишер, пратеник на владејачката германска партија ЦДУ на Ангела Меркел и актуелен претседател на Европската народна партија во Советот на Европа на вечерашниот митинг на Коалицијата „За подобра Макеоднија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Кочани и додаде дека, во последните неколку години на европско ниво заедно работеле многу добро и не само во Европскиот совет, туку и успеале да решат многу политички проблеми.
-Заедно ни успеа да ги зачуваме христијанските и конзервативните значенија на народот во Европа и секако успеавме заедно да се заштитиме од фалшливиот идеолошки развој на левите и социјалистите. ВМРО-ДПМНЕ е цврст дел од христијанското демократската фамилија на Европа и затоа ви благодарам. Во време кога нашиот контитент се соочува со сериозни предизвици како што е миграцискиот бран, теротизмот и други безбедносни прашања, македонската Влада покажа особена посветеност и секако таа е посветен партнер кон прашањата кон безбедносните решенија и другите проблеми. Македонија е земја која што активно не поддржуваа кон решавање на проблемот со мигрантската криза, изјави Фишер.
Тој исто така додаде и дека ја поддржува Македонија кон вклучување на Македонија кон ЕУ и Нато и верува дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која што може да ја води државата во тој правец.
-Во изминатите денови интензивно ја разгледав изборната програма на ВМРО- ДПМНЕ и со тоа од една страна ја сфатив суштината и основата во која што вистински лежат пријателските работи и заедничкиот живот со Европа. Од друга страна во програмата се предвидува успешен развој на економијата и ќе пронајде добросостојба. За да се исполнат сите ветувања на партијата ВМРО-ДПМНЕ тие треба да имаат една стабилност во Владата и мнозинство во Парламентот, а тоа ќе се покаже на изборите на 11 декември, рече Фишер.
Тој се надева дека ќе има можност и во иднина да работи со новата Влада на чело со Никола Груевски и ќе ги остваруваат нивните предвидени цели на патот кон евроинтеграцијата.Ова го изјави Аксел Фишер, пратеник на владејачката германска партија ЦДУ на Ангела Меркел и актуелен претседател на Европската народна партија во