Актерка од филм за возасни, која е заразена со ХИВ ја раскажа својата приказна!

Loading...

Станува збор за Камерон Беј, актерката поради која се парализираше порно индустријата.
Скандалот кој се случуваше пред неколку месеци и кој предизвика стопирање на порно индустријата, беше поврзан со Камерон. Имено, актерката дознала дека е заразена со ХИВ, по неколку сцени во порно филм. Притоа, никој не знае кога а  ни како се заразила.
Камерон открива дека во порно индустријата никој не споменува кондоми.
Во сите снимања ниту еден актер не користел кондом, а и било кажано дека доколку праша за тоа, ќе биде заменета со друга актерка.

„Научив дека секогаш постои некој кој е помлад од мене и подготвен да го направи тоа што јас не сум. Се работи за немилосрдна работа”, изјавила Камерон.
Таа уште по првото снимање завршила во болница поради инфекција на бубрезите, а кон крајот на минатиот месец, открила дека е заразена од ХИВ. Бидејќи не можело да се открие како и кога се заразила, односно дали за време на снимањето, па трошокот за лекување морала да го плаќа сама.
Таа е без здравствено осигурување, а месечните трошоци за лекување може да достигнат до 2.000 долари.
„Потрошив повеќе пари во еден ден отколку за двомесечна станарина. Имав заштедено за три месеци, но и тие ги потрошив”, вели таа.
Сите актери се тестираат на 30 дена, но очигледно тоа не функционира и како што вели таа актерите треба да се тестираат на денот на снимањето.

Откако се констатирало дека ниту еден од актерите со кои таа имала секс не е заразен со ХИВ, продолжило снимањето.
Но, една недела подоцна, нејзиниот дечко, Род Дејли, кој исто така глуми во порно филмови, откри дека е заразен со ХИВ, а по него и уште еден глумец.
Имено, сите тврдат дека забраната за снимање требала подолго да трае. Исто така сите тврдат дека мерките за безбедност на снимањата се очајни, и дека актерите се впуштаат во голем ризик.
„На крајот на денот, вашата сигурност е најважна. Парчето хартија на кое пишува дека може да снимате, не значи ништо”, заклучи глумицата.

loading...
Loading...