Актерот Марк Лестер тврди дека е биолошкиот татко на децата на Мајкл Џексон?!

Лестер изјави дека самиот пејач го замолил да донира сперма една година пред раѓањето на децата, за кои тој вели дека неверојатно личат на него.
Тој вели дека е биолошкиот татко на децата на покојниот Мајкл Џексон, 16-годишниот Принц Мајкл, 15-годишната Парис и 11-годишниот Бленкет и додава дека веднаш би направил ДНК анализа за да го докаже своето тврдење.
Актерот вели дека бил многу близок со пејачот и неговите деца, а дури и е нивен кум. Децата на Мајкл и децата на Лестер честопати заедно ги поминувале училишните празници и одлично се сложувале. -Ќерка ми Оливија личи на Парис. И другите имаат забележано дека Принц личи на мене кога сум бил млад, додава Лестер.
Овој 54-годишен актер по смртта на Мајкл Џексон им испратил писмо на децата во кое пишувало: „Тука сум, дојдете и посетете ја Англија. Ние ќе се грижиме за вас“.Лестер изјави дека самиот пејач го замолил да донира сперма една година пред раѓањето на децата, за кои тој вели дека

Пронајдете не на следниве мрежи: