Актерот Тони Сопрано пронајден мртов на 51 година

Актерот Џејмс Гандолфини, за многумина познат како Тони Сопрано во легендарната серија “The Sopranos” , починал синоќа во Италија.
Интернет порталот “TMZ” објавил дека официјалните причини за смртта на актерот се уште се непознати, но според првичните информации, тој доживеал срцев удар. Легендарниот Тони Сопрано, имал 51 година.
Гандолфини престојувал во Италија за да го посети 59-то издание на Филмскиот фестивал Таормина во Сицилија, каде што требал да учествува во еден од настаните, заедно со италијанскиот режисер Габриеле Мучино.

Овој актер се проби во светот на филмот во 1993 година со улогата во филмот “True Romance”, но набрзо стана холивудска легенда толкувајќи го ликот на Тони Сопрано од 1999 година. Тој освои 3 Еми награди за главната улога во текот на шесте сезони на славната серија “The Sopranos”.

Покрај оваа серија, Гандофини оствари своја улога во голем број на други филмови, вклучувајќи ги и “Get Shorty”, “The Mexican” и “Zero Dark Thirty”. Зад себе актерот ја остава својата сопруга Дебора Лин, која што во октомври го роди нивното прво заедничко дете, ќерката Лилиана, а актерот има син тинејџер од претходниот брак.Актерот Џејмс Гандолфини, за многумина познат како Тони Сопрано во легендарната серија “The Sopranos” , починал синоќа во Италија.
Интернет

Пронајдете не на следниве мрежи: