Во нашето тело постои орган за кој многу малку се зборува, но кој со право можеме да го наречеме точка на среќата.Најдобро од се е што не е потребно долго да ја бараме: тоа е градната жлезда, односно тимусот. Сместена е во горниот дел на градниот кош, а за да ја пронајдете, треба само да ставите два споени прсти на длабнатината на предниот долен дел на вратот, непосредно над градната коска. Тоа ќе биде и приближното место на тимусот. Тимусот го нарекуваат и точка на среќата, бидејќи оваа жлезда помага во неутрализирањето на негативната енергија, го јакне имунолошкиот систем и вкупното здравје.
Еве како да ја активирате точката на среќата:
Нежното допирање, галење и масажа на оваа точка се многу ефикасни методи, кои помагаат во подигањето на вашите енергетски вибрации на повисоко ниво. Оваа жлезда ја одржува енергијата на нашето тело, па затоа, кога во нашиот енергетски систем се случува дисбаланс, токму оваа жлезда може да помогне. Таа е мост меѓу мозокот и телото. Под влијанието на стресот жлездата се смалува, што пак води до намалување на животната енергија.
Градната жлезда можете да ја стимулирате и со тупаница: Само нежно тапкајте, не се удирајте во градите. Можете да ја тапкате или да ја масирате со прстите. Правете го тоа во времетраење од околу 20-30 секунди и длабоко дишете. Секако, можете да изговорите и некоја позитивна афирмација во ваквите моменти.
Ќе дознаете дека сте ја активирале точката кога ќе почувствувате дека ве лазат морници по телото и ќе имате чувство на радост и среќа. Може да помине доста време додека да почувствувате нешто, но правете ја вежбата секој ден и сигурно ќе ја доживеете нејзината ефикасност.
Ако имате чести напади на паника, анксиозност и стрес, правете го ова неколку пати на ден и ќе бидете во можност повторно да ја вратите својата животна рамнотежа.Најдобро од се е што не е потребно долго да ја бараме: тоа е градната жлезда, односно тимусот. Сместена е во горниот дел на градниот кош, а за да ј