Членовите и активисти на опозициската СДСМ продолжуваат да се потсмеваат со катастрофалното невреме кое ги зафати Скопје и ги понижуваат настраданите.Со недолични зборови и коментари, гласноговорниците на СДСМ само докажуваат дека ним воопшто не им е грижа за настраданите. Ниту еден од овие лица кои на социјалните мрежи сеат само гнев, не отиде да помогне на поплавените подрачја.
Тие само се ситат на ваквата трагедија и истата ја сфаќаат како состојба погодна за терање политика. Нивното однесување е срамно.
Во денови кога цела Македонија тагува по загубените животи и сочувствува со настраданите, СДСМ и нејзините полтрони тераат политика. Така, пред неколку дена, актерката која работи бранејќи ги интересите на СДСМ, Ирена Ристиќ, плукна по цела Македонија сакајќи да плука по лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Грувески кој по цели денови е на терен меѓу граѓаните кои доживеаја штети од невремето.
Бранко Тричковски кој посакуваше да има што повеќе жртви од бранителите во Диво Насеље, сега бара да се палат македонските знамиња.
Активистот на СДСМ и платеник на Шарената револуција Бекири дури би го запалил целиот Црвен крст.
За платените хулигани на СДСМ нема ништо свето. За нив Македонија и македонскиот народ не значат ништо. Тие се смеат на туѓата несреќа.Со недолични зборови и коментари, гласноговорниците на СДСМ само докажуваат дека ним воопшто не им е грижа за настраданите. Ниту еден од овие лица