Акустик СКВЕР Фестивал се одржа по 4-ти пат

Во саботата 12.09.2015 , пред платото на КЦ „Александар Македонски“ се одржа 4тото по ред издание на Акустичарскиот Сквер Фестивал.Во пријатна атмосфера со своето музицирање се претставија повеќе млади солисти и групи, меѓу кои беа и учениците на гитарската школа „Енсо“ како и ученици и професори од музичкото училиште „Кредо“. За впечатокот да биде целосен спонзорот на фестивалот – музичката продавница „До Ре Ми – Јамаха“.
Фестивалот го отвори Оливер Јаниќиевиќ , млад гитарист, кој со својата интерпретација на неколку безвремени гитарски композиции одлично ја поведе публиката низ оваа музичка приказна. Потоа на бината му се придружи Кристијан Христов, со кого во дует изведоа репертоар со силно влијание од нашиот автентичен етно-звук.
Публиката веќе беше расположена кога на бината се појави еден вистински млад виртуоз – Трајче Димов кој со своите вештини на класичната гитара успеа да ги воодушеви и најригорозните критичари. Димов беше воедно третиот и последен учесник од гитарската школа „Енсо“.

Следни на сцената се качија младите рокери „КОЛТ“ кои настапија со неколку авторски нумери и покажаа вистински рокерски жар при нивната изведба.
Потоа сцената беше отстапена на „Кредо“ бенд, 7-члена група составена од ученици и професори во склоп на музичкото училиште „Кредо“. „Кредо“ бендот после само неколку отсвирени ноти успеа да создаде исклучително пријатна атмосфера во која видно уживаа и музичарите и публиката. Веднаш потоа на бината останаа тројцата професори при музичкото училиште „Кредо“ кои кулминативно го затворија фестивалот, воодушевувајќи ја публиката за време на секоја од изведените нумери.
Акустичарскиот Сквер Фест 2015 обезбеди пријатна атмосфера за присутната публика која видно уживаше во музиката а исто така уживаа и музичарите кои настапија. Овој фестивал во организација на Конгресниот Центар „Александар Македонски“ под покровителство на Град Скопје и оваа година направи симболичен чекор кон создавање на можности за промоција на младите и надежни музичари од нашата земја, истовремено оплеменувајќи ја оваа саботна вечер за бројната публика.
Задоволството на лицата на присутните беше најдобар доказ за позитивниот исход на фестивалот.Во пријатна атмосфера со своето музицирање се претставија повеќе млади солисти и групи, меѓу кои беа и учениците на гитарската школа „Енсо&ld

Пронајдете не на следниве мрежи: