Министерот за култура Роберт Алаѓозовски десет дена од почетокот на најголемата културна манифестација во Македонија го смени нејзиниот директор: Оливер Арсовски со „декрет“ од Алаѓозовски во петокот престана да директорува со фестивалот.Официјалното образложение на Алаѓозовски наводно било поврзано со инспекциите кои биле пратени до фестивалот пред извесно време.
Вакви инспекции се пратени кај сите директори на институции за кои Алаѓозовски смета дека се блиски до минатата власт, или како што тоа Петрит Сараќини и Алаѓозовски го срочија официјално во соопштение при разрешувањето на Јелена Жугиќ и Братислав Димитров – станувало збор за кадри „под контрола на Никола Груевски“.
Тактиката на Алаѓозовски е да се пратат инспекции кои имаат налог по секоја цена да најдат причина поради која директорот на одредена институција ќе биде сменет. Онаму каде што нема никаква, ќе се измисли, а ако и тоа не е можно ќе се каже дека „биле под контрола на Груевски“ – велат анонимни извори на ваквите случувања во последниот период.
„Еден од инспекторите ми рече: подобро е јас да ти најдам нешто и да те казнам, било што, отколку после мене да ти дојде финансова полиција“, вели еден анонимен раководител на институција во која Алаѓозовски пратил вакви инспекции.
Нејасно е што е најдено кај директорот на Охридско Лето, дали некоја ситница која инспекторите само за да ја задоволат наредбата на Алаѓозовски ќе ја толкуваат како оштетување на буџетот или пак Арсовски е сменет поради што и тој можеби е „под контрола на Никола Груевски“.
Официјална информација не може да дознаеме – на официјалниот сајт на министерството за култура, последно соопштение до јавноста е срамното комунике во кое Роберт Алаѓозовски признава со фашизоидна реторика дека менува директори на институции поради сомнеж за политичка неистомисленост со СДСМ.
Дури и најврдокорните приврзаници на СДСМ коментираат вака: „Менувањето, на десетиот ден од почетокот на фестивалот Охридско Лето на директор, не да е срамен чин, туку е чин за секаква осуда и од принципиелен од морален и од етички карактер“, стои во текстот на „Охрид Скај“.Официјалното образложение на Алаѓозовски наводно било поврзано со инспекциите кои биле пратени до фестивалот пред извесно време.
Вакви инсп