Отвореноста од моја страна секогаш била на највисоко можно ниво, немам одбиено ниту една дебата, тоа може секој новинар да го потврди, кој ме поканил секогаш сум била присутна, секогаш сме имале отчетност во резултатите за сите стимулативни мерки кои биле преземени, јавно, на прес конференции, со комисија, со луѓе кои работеле со резултати, кажа поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска во гостувањето во емисијата Отворено на 24 Телевизија.Во емисијата гостуваше и сегашниот министер Роберт Алаѓозовски, но за разлика од супериорниот настап на Канческа-Милевска, тој беше неприметлив.
Таа напомена дека се работи за два различни концепти меѓу оваа и минатата Влада. Според нејзините зборови ВМРО-ДПМНЕ имаше еден концепт на програма, со проекти јасно презентерани, што и во кој период ќе се реализира, а дел од нив беа и во проектот Скопје 2014.
-Во делот на проектот Скопје 2014, бидејќи во изминатиот период многу самиот проект и терминолошки, несоодветно се третира, така да јас еве од оваа страна како Министерство за култура, тоа може да го види и колегата Алоѓозовски. Министерството за култура во овој проект се јавува како инвеститор на неколку проекти, кои што проекти се наоѓаат во програмата на Владата. Ние треба да говориме и добро е да говориме дека имаме два различни концепти, од една страна имаме концепт на програма, со проекти јасно презентерани, што и во кој период ќе се реализира. Сето тоа може да се дебатира и мерливо да се види, што е тој проект што е ветен, за што граѓаните дале доверба, дали се реализирал, од кои причини не се реализирал и каков е бенефитот од самата реализација или од самата инвестиција, изјави Канческа-Милевска.
Таа ги спомена и покрупните проекти кои министерството ги реализирало.
-Ние во тој проект сме вклучени во изградбата на стариот театар, на изградбата на Музејот на македонската борба, на концертната сала за Македонската филхармонија, на Архелошкиот музеј, во делот на ентериерот, спомен куќата на Тоше Проески, театарот во Велес, спомен куќата на Мајка Тереза. Зборувам како покрупни проекти, тие се тие проекти во кои што ние како Министерство за култура се јавуваме како инвеститори, изјави Канческа-Милевска.
Таа кажа и дека транспарентноста во овие проекти е на највисоко ниво.
-Зборувам за проекти кои се под надлежност на Министерството за култура. Ние по секое завршување на меѓународниот конкурс сме имале изложба на сите трудови кои што биле пристигнати, претседателот на комисијата кажува кој добил прва, кој втора награда и врз основа на што ќе се продолжи во градбата. Сите документи во однос на објавен тендер, во однос на сума, сите документи се јавно достапни. Така да таа транспарентност во овие проекти е на највисоко ниво, изјави Канческа-Милевска.Во емисијата гостуваше и сегашниот министер Роберт Алаѓозовски, но за разлика од супериорниот настап на Канческа-Милевска, тој беше неприметлив.