Алармантна состојба во Грција: Регистрирани се случаи на маларија

Тревога во Грција од ширење на маларија. Заболени се 65 лица, повеќето се бегалци. Регистриран е и смртен случај во див камп. Меѓу заразените има и локално население.Шест случаи на ова заразно заболување кое се пренесува преку каснување од комарци евидентирани се и меѓу мигранти во Србија. И во Македонија за 5 месеци пријавени се 5 случаи, од кои еден е починат. Сите заболеле во Африка.
Според македонските епидемиолози, многу е мал ризикот за ширење на заразата преку Грција.
-Не е исклучен ризикот и тој е многу низок затоа што ова заболување кое е искоренето во Европа пред 40 години, во Грција се јавува во 2009 година и тоа не импортирани односно увезени случаи, туку има и локално стекнати случаи на маларија, изјави д-р Гордана Кузмановска, раководител на одделот за епидемиологија во ИЈЗ. Епидемиолозите продолжуваат со секојдневно следење на состојбата и препорачуваат сите кои патуваат во Грција превентивно да се заштитат од убоди од комарци, а оние кои одат во афричка земја задолжително да земат антималарична терапија.
-Состојбата се следи на дневна основа и на речиси целата територија е извршено прскање против комарци, додаде д-р Кузмановска.
Мала е веројатноста и за размножување на комарците кои се преносители на многу заразни заболувања и во поплавените подрачја во скопско. Според надлежните извршена е дезинсекција на сите локации каде има вода.Шест случаи на ова заразно заболување кое се пренесува преку каснување од комарци евидентирани се и меѓу мигранти во Србија. И во Македонија за 5 м

Пронајдете не на следниве мрежи: