Часовникот кој одбројува колку време му останува на човештвото до големата катастрофа ја поместил стрелката за уште две минути кон полноќ кој го означува крајот на светот.Група атомски научници кои следејќи ги параметрите предвидуваат колку човештвото е близу до катастрофата и способно да ја реши истата, предупредуваат дека времето скоро истекло. Климатските промени и заканата од нуклеарна војна сториле тие итно да укажат на сериозноста на ситуацијата.
Симболичниот часовник сега покажува дека стрелката е на три минути пред полноќ, што е најлошо време уште од ладната војна.
„Опасноста е голема но ние не шириме порака на безнадежност“, рекол Кент Бендикт, предводник на здружението на научници.
Стрелката до сега се поместувала 18 пати, што е начин на научниците да ја алармираат јавноста за сериозните појави со кои човештвото се соочува.Група атомски научници кои следејќи ги параметрите предвидуваат колку човештвото е близу до катастрофата и способно да ја реши истата, предупредува



