Албанците ликуваат на предавството на Зоран Заев со кое Талат Џафери беше поставен за претседател на македонското Собрание, и уште на првиот ден од влегувањето во Кабинетот постави две албански знамиња.Албанското знаме од сега ќе стои во претседателскиот кабинет во Собранието. Ваквиот потег на Џафери наиде на воодушевување, победничко расположение и задоволство поради постигнатиот „успех“ благодарение на предавството на Заев.
Меѓу првите кој изрази задоволство од ова беше портпарлот на тетовската градоначалничка Теута Арифи, Арменд Фазлиу.
Наспроти „лајкувањата“ од Албанците, со потегот на Џафери дури и на отворените поддржувачи на СДСМ и учесници во протестите на „Шарената револуција“ им станува јасно дека ова е само почеток на предавството кое Заев и го направи на сосптвената држава само за да дојде на власт и покрај поразот на изборите.
-Талат Џафери влезе во кабинетот на Претседателот на Собранието. И на маса го стави прво албанското знаме. Заев, ти и твоите за ова се борите цело време? Нели рече дека уставниот поредок ќе се почитува и македонските симболи ? Ова е за тебе “бољи живот”, провокации и уривање на соживот со туѓи знамиња ? Пошто јас не гласав за албанско знаме во законодавниот дом и за пеење на албанска химна. А, и многу други “шарени”. Ти можеш и влада да направиш во парк или кај тебе дома, али само месец-два ќе ти трае. Тоа од авион се гледа. На следни избори, локални, еден голем шипак ќе добиеш, напиша на својот ФБ профил новинарката Јорданка Ивановска – Јоци.
Албанското знаме од сега ќе стои во претседателскиот кабинет во Собранието. Ваквиот потег на Џафери наиде на воодушевување, победничко расположение