Албанците од ЦИВИЛ ги вртат Македонците еден против друг!

Контроверзната организација ЦИВИЛ, која за само 4 години има инкасирано повеќе од половина милион долари од Сорос и донатори блиски на Сорос, со нов проект. За 100 долари ќе купуваат провокатори кои со телефони со вклучена камера ќе шетаат по улиците и ќе провоцираат луѓеНевладината организација ЦИВИЛ почнува кампања со која ќе поттикнува граѓани да провоцираат политички неистомисленици и да ги снимаат со телефон додека ги провоцираат, за што ќе добиваат надокнада од 100 долари по снимка ­ дознава “Вечер“.
Организацијата на Џабир Дерала, која отворено ги промовира албанските интереси во Република Македонија, започнува проект насловен “Ние сме медиумите“. Во почетната фаза на овој проект ќе се вршат обуки за составување извештаи во форма на видеоснимки за сите видови на наводни злоупотреби, закани, притисоци, злоупотреба на јавни ресурси, корупција, уцени и закани.
Ова тие формално го кажуваат, но во реалноста, секој што ќе долови некој “сочен“ елемент и истиот ќе го прати во видеоформа до Цивил, ќе биде награден со 100 долари.
Обични граѓани, само со телефон во рака ќе го ловат приватниот и професионалниот живот на функционери од власта.
Како што дознава “Вечер“, една од првите задачи на ловците на Цивил ќе бидат демонстрантите на иницијативата “За заедничка Македонија“. Нивните ловци добиле задача да снимаат како граѓаните организирано се упатуваат кон локациите каде што се протестира и тоа ќе треба да се прикаже како, наводно, нивната бројка е мала или пак тие се организирани од партија.
Суштината е тоа што за 100 долари од ЦИВИЛ сакаат да ги заменат опозициските новинари со обични граѓани, доминантно Албанци, кои ќе шетаат со телефони и ќе провоцираат, како што тоа го правеше Саше Ивановски кои себеси се нарекува Политико.
Првата обука за провокатори ќе се одржи викендов во хотелот “Монтенегро“ во Струга. Главен донатор на проектот е National Endowment for Democracy, организација од САД.
Минатата недела, претседателот на Цивил, Џабир Дерала, се сретна со лидерот на СДСМ Зоран Заев. Дали дискутирале околу новата кампања на провокаторите на Цивил, нема информација.Невладината организација ЦИВИЛ почнува кампања со која ќе поттикнува граѓани да провоцираат политички неистомисленици и да ги снимаат со телефон до

Пронајдете не на следниве мрежи: