Албанците од југот на Србија усвоија резолуција со којашто, како што велат, по примерот на Србите од северот на Косово, бараат формирање на заедница на албанските општини во јужна Србија и бараат Албанците од Прешево и Бујановац да ја контролираат стоката на царината на преминот Кончуљ – Бела Земља во општината Бујановац.Како што во саботата пренесуваат белградските медиуми собранието на сите албански пратеници од општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа ја усвоило декларацијата со кој од Србија се бара усвојување на итни мерки за подобрување на положбата на Албанците на југот на Србија, за да имаат исти права како и Србите на северот на Косово.Лидерот на Движењето за демократски прогрес, Јонуз Муслиу, изјавил за агенцијата Бета по завршената седница дека е усвоена декларација кој ќе биде испратена до српската влада, меѓународната заедница и косовската влада, како и дека, меѓу другото, се бара и Албанците од Прешево и Бујановац да ја контролираат стоката на царината на преминот Кончуљ – Бела Земља.„Резолуцијата најмногу се однесува на остварувањето на политичките права на Албанците во Прешевската долина, Конкретно, се однесува на реципроцитет кој го бараме во правата кои ги имаат Србите на северот од Косово, а тоа значи како што тие ја контролираат царината во северно Косово и ние бараме Албанците од Прешево и Бујановац да го контролираат царината на преминот Бела Земља од српска страна“, појаснил Муслиу.Од владата во Белград, исто така, со декларацијата се бара во областа на општините Прешево и Бујановац во иднина да не бидат силите на специјалната полиција, туку само мултиетничката локална полиција, како и на граничниот премин во општина Прешево кон Македонија да бидат „само луѓе од Прешево и Бујановац, како што тоа било порано, а не полицајци кои се доведуваат од страна“.Според Нагип Арифи, претседател на општината Бујановац, барањата се однесуваа и на целосна интеграција на Албанците во државните органи, на остварување на целосна безбедност, економско подобрување, официјална употреба на писмото, јазикот и симболите, децентрализација во правосудството, образованието, културата и информирањето, како и на регулирањето на здравствената и социјалната заштита.Засега ниеден претставник на официјалните српски власти од Белград не се изјасни за овие барања на Албанците од југот на Србија.
МакфаксАлбанците од југот на Србија усвоија резолуција со којашто, како што велат, по примерот на Србите од северот на