Речиси 20.000 гласа, кои опозицискиот СДСМ ги освоил повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ во Првата изборна единица, како и зголемениот број гласови во останатите пет единици, се клучни за резултатот што го постигна опозициската коалиција, пишува Дневник.Оваа изборна единица, всушност, е единствената во која социјалдемократите победиле, а во сите други триумфирала коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија, практично, во сите изборни единици помалку или повеќе освоила ист број гласови како и на изборите пред две години. Гласовите што на своето конто ги ставил СДСМ очигледно произлегуваат како од оние што им ги дале Албанците од скопското подрачје така и од оние што им ги дале граѓаните што сега излегле на гласање во поголем број отколку на гласањето во 2014 година, плус гласовите на македонските Албанци кои завршиле на сметката на СДСМ. Според податоците, во ИЕ 1 за опозициската коалиција во неделата гласале 92.190 граѓани, а за ВМРО-ДПМНЕ 72.833. За споредба, пред две години опозицијата освои само 58.091 глас или 34.099 гласа помалку. Владејачката партија, пак, тогаш освоила 73.554 гласа, што е за околу илјада повеќе отколку завчера.
Од друга страна, податоците од гласачките места во околината на Скопје во средините што се населени со доминантно албанско население покажуваат дека значителен број етнички Албанци го дале својот глас за опозицијата. Инаку, вкупните процени се дека за опозициската партија гласале меѓу 30 и 40.000 албански гласачи во целата земја, а „Алијансата на Албанците“ смета дека станува збор за 70.000 гласа. Најубедлив пример за ова е скопската општина Сарај каде што за СДСМ гласале значителни 2.973 граѓани. Таму победила владејачката ДУИ со 6.615 гласа, а зад неа била Беса со 3.330 гласа. Зад СДСМ со значително помалку гласови останале ДПА и „Алијансата за Албанците“, кои имаа помалку од две илјади гласа.
Следува општина Студеничани, во која за СДСМ гласале 2.515 граѓани. Тоа е значително повеќе отколку што добила владејачката партија ДУИ – 1.244 или, пак, опозициската ДПА – 1.381. Помалку гласови од социјалдемократите тука освоила и Беса – 2.024. На контото на ВМРО-ДПМНЕ тука биле собрани само 686 гласа.Типичен пример е и гласањето во Арачиново каде што најголемата опозициска партија освоила дури 2.052 гласа, значително повеќе отколку останатите албански политички партии. Далеку зад СДСМ остана ДУИ, која добила поддршка од 1.456 граѓани, Беса со 794, „Алијансата за Албанците“ – 723 и ДПА со 277 гласа. Своевидно изненадување е и тоа што најголемата опозициска партија освоила второ место во досегашниот бастион на ДУИ, скопската општина Чаир. Таму победила Беса со 5.405 гласа, а за СДСМ се изјасниле 4.270, што е повеќе од резултатот што го оствариле интегративците со 4.209 гласа.
Споредувањето со изјаснувањето во другите изборни единици и гласачки места во кои доминантно живее албанското население покажува дека поддршката на албанското население од Скопско била најизразена. Така, на пример, во Боговиње за македонската опозиција гласале 1.044 граѓани, во Желино – 387, Липково – 773, а во Велешта шеесетина гласачи. Згора на ова, причина за зголемениот број гласови на СДСМ е и во фактот дека оваа партија значително го зголемила број на гласови во останатите изборни единици каде што инаку победила ВМРО-ДПМНЕ. Најголемо зголемување на гласови опозицијата остварила во Шестата изборна единица – 34.099 гласа, а потоа и во Втората изборна единица, во која забележала 29.234 гласачи повеќе отколку пред две години. Во Петата ИЕ тоа зголемување е за 25.650 гласа, во Четвртата 24.776, во Петтата – 24.121.Оваа изборна единица, всушност, е единствената во која социјалдемократите победиле, а во сите други триумфирала коалицијата предводена од ВМРО-ДПМН