АЛБАНЦИТЕ ВО ПАНИКА: Власта во ЕУ ја превземаат противниците на независно Косово!

Националниот фронт на Марин Ле Пен, и Партијата на независност на Обединетото Кралство на Најџел Фараж, претставуваат апсолутни победници на изборите за Европскиот парламент. Паралелно, добри резултати во Австрија остварила и Слободарската партија на Австрија која го заземала третото место. Покрај тоа што овие партии се противат на доминацијата на одлуките на Брисел врз државите од европскиот континент, тие имаат и многу блиски ставови по прашањето за независност на Косово.. Така, Националниот фронт, едностраното прогласување на независност на Косово, го смета за илегален чин, а Марин Ле Пен е позната и по изјавата „Знаете што мислам за начинот на кој Америкаците го откинаа Косово од Србија“. 
Партијата на Најџел Фараж во Европаскиот парламент, во повеќе наврати обрнала внимание на криминалната основа на независно Косово, така што на 17. април 2013 година, пратеникот Џерар Батен се обрати во парламентот со зборовите „ЕУ на косовските власти им даде 4,7 милијарди евра  со цел борба против организираниот криминал. Агенцијата на ЕУ за криминално известување, јавно соопшти дека ситуацијата по прашањето на организираниот криминал на Косово, не покажува напредок уште од 1999 година, а извештајот на Советот на Европа, од декември 2010, наведува дека политичарите на Косово, кои се наоѓаат на најважните позиции, се вмешани во илегална трговија со органи“.

Хајнц Кристијан Штрахе, претседателот на Слободарската партија на Австрија, пак, покрај ставот дека Косово е дел од Србија, константно ја предупредуваше јавноста, дека, според податоците на разузнавачките служби, премиерот на Косово, Хашим Тачи, е организатор на интернационалната трговија со дрога, како и дека Албанците на Косово се занимаваат со илегална трговија на органи.
Ваквите ставови на партиите кои на овие избори за ЕП се победници во своите земји, би можело позитивно да се одрази врз Србија, анализира српски Курир, односно дека со промената на власта во овие земји, би можело да додјде до прекин на поддршката за независно Косово.Покрај тоа што овие партии се противат на доминацијата на одлуките на Брисел врз државите од европскиот континент, тие имаат и многу блиски ставови

Пронајдете не на следниве мрежи: