Албанец од Балканот – нова жртва во Сирија

Уште еден Албанец од Балканот е жртва на нападите во Сирија, јавува дописник на МИА од Тирана. Нова жртва на борбите во Сирија, откако завчера беше потврдено убиството на Имер Ниметула, алијас Абу Зијат (38) од скопското село Грчец.
Овој пат станува збор за Албанецот Халил Малиќај (31) од селото Пруш, кај Тирана. 
Во двокатната куќа каде живеат мајка му, сопругата и трите деца, вратите се отворени за сочувство. Малиќај потекнува од селото Армени кај приморскиот град Валона, а од селото Пруш е неговата сопруга, Миѓена, каде што се населил по женидбата, се наведува во веста.
Веста за смртта на Малиќај семејството ја добило од анонимен телефонски повик, во кој машки глас се претставил како другар на убиениот.
Причината за загинувањето на Малиќај е екплозија. 
Од ноември минатата година, кога во борбите во Сирија беше убиен првиот Албанец, Наман Демоли, од Приштина, до сега во оваа блискоисточна земја животите ги загубија најмалку дваесетина Албанци.
Од вкупно убиени Албанци од Балканот тројца се од Македонија. Во мај годинава беше убиен 28-годишниот Расим Зеќири од гостиварското село Беловишта, кој подолго време живеел во Австрија.
Осум месеци пред да биде убиен заминал за Сирија и се борел на страната на „Јабха ал Нусра“ а неодмана беше убиен оџата од Скопје, Сами Абдулаху, пренесе МИА.Нова жртва на борбите во Сирија, откако завчера беше потврдено убиството на Имер Ниметула, алијас Абу Зијат (38) од скопското село Грчец.

Пронајдете не на следниве мрежи: