Албанец по потекло од југот на Србија минатиот петок загинал во борбите во Сирија, соопшти во вторникот белградската телевизија Б92, повикувајќи се на интернет портали.Како што наведуваат медиумите, еден од соборците се јавил на семејството и им соопштил дека 23-годишникот бил убиен и погребан во Сирија.„Мират е убиен во светата ослободителна војна против режимот на Башар ал-Асад“, рекол соборецот на српскиот Албанец, пренесува Б92.Станува збор за 23-годишниот Мират Ахмети од селото Велики Трновац кај Бујановац, се дознава од локалниот портал. Ахмети во 2008 година со најдобри оцени го завршил средното верско училиште во Гњилане и како одличен ученик успеал да се запише на студии по теологија на престижниот исламски универзитет Ал Ажар во египетската престолнина Каиро.На бунтовниците, претежно сунитски муслимани, против режимот на сирискиот претседател Нашар ал-Асад припадник на алавитското малцинство (шиитски огранок на исламот), им се придружил заедно со други негови колеги од трета и четврта година на студиите.Според порталот Bujanovci.net, таткото на загинатото момче моли да му се јават сите оние што можат да му помогнат да го пронајде неговиот гроб.Главните борбени дејствија во Сирија против властите ги изведуваат ограноците на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, на чијашто страна се борат милитанти до 28 земји, потенцираше во вторникот шефот на сириската дипломатија Валид ал-Муалем на прес-конференцијата во Москва по разговорите со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесе РИА Новости.„Тоа што се случува во Сирија претставува војна против тероризмот. Еден од ограноците на Ал Каеда ги носи главните борбени операции во Сирија и во Сирија повика милитанти од 28 држави….”, нагласи сирискиот дипломат.
МакфаксАлбанец по потекло од југот на Србија минатиот петок загинал во борбите во Сирија, соопшти во вторникот белградската т