Албанија целосно е под вода по обилните врнежи

По обилните и интензивни врнежи од дожд, Албанија целосно е под вода. Единствен град каде нема поплави е градот Корча.Поради создадената ситуација и денеска, како што соопшти министерката за образование Линдита Никола, во училиштата на целата териорија на земјата нема да се одржува настава.
– Населените места се под вода, од дел од нив е евакуирано населението, на многу патни правци не се одвива сообраќајот, во поширокото подрачје на околијата Пешкопеја и Скадар има и појава на одрони од камен и земја. Над 150 илјади домаќинства се без електрична енергија. Многу екипи на Електродистрибуција се обидуваат да ги отстранат дефеките на елекромрежата, јавуваат албанските медиуми.
Поради невремето и намалената видливост од обилниот дожд, автобус полн со патници излетал од патот Туман-Фуш Круја и завршил во место полно со вода. За среќа избегната е трагедија.
До доцна синоќа официјално е потврдено дека во невремето животот го загубиле три лица.
Премиерот Еди Рама доцна синоќа на својот профил на фејсбук напиша дека сите здравствени институции се максимално ангажирани за да се справат со состојбата созадена од поплавите.
– Се за да се справиме со природната непогода, со организација, координација, достоинство и разбирање на граѓаните, напиша Рама.
Тој предупреди дека „тешки ќе бидат уште 24 часа“ но потоа „се ќе дојде на свое место“, напиша Рама, заблагодарувајќи им се на сите.
И според најавите на метеоролозите состојбата се очекува да се влоши денеска, поради најавите за обилни дождови и силен ветер, посебно во јужниот дел на земјата, додека доцна попладне се очекува намалување на интензитетот на врнежите.Поради создадената ситуација и денеска, како што соопшти министерката за образование Линдита Никола, во училиштата на целата териорија на земјата н

Пронајдете не на следниве мрежи: