Дури 70 отсто од младите во Албанија сакаат да емигрираат надвор од земјата, додека, пак, 80 отсто од нив имаат најголем проблем со вработувањето.
Овие податоци се изнесени во една студија за проблемите на младите во Албанија, спроведена од Фондацијата „Фридрих Еберт”, а објавена деновиве.
Во студијата, која била обработувана во 2011 година, а чии податоци објавува тиранскиот весник „Шќип”, се наведува дека дури 96 отсто од младите немаат доверба во политиката.
За директорот на Фондацијата „Фридрих Еберт”, Франк Хантке, овие податоци се чудни за една демократска земја.
„Албанската младина паралелно размислува, нема доверба во политиката, а од друга страна влегува во политичките партии заради добивање на работа”, вели Хантке.
Макфакс
Дури 70 отсто од младите во Албанија сакаат да емигрираат надвор од земјата, додека, пак, 80 о