Албанската, грчката и италијанската влада потпишаа во среда во Атина договор за поддршка за изградба на гасоводот ТАП, со кој гасот од Азербејџан ќе се носи во Европа.Изградбата на овој гасовод претставува директна конкуренција на гасоводот Набуко, што се планира да се гради на северот на европскиот континент.Тој договор „сведочи за нашата политичка поддршка на зделката од стратешки интерес за Грција и за европската енергетска политика“, истакна грчкиот премиер Антонис Самарас на пригодната свеченост.„Изградбата на ТАП, што ќе биде долг 800 километри, од кои 478 низ Грција, ќе чини 1,5 милијарди евра и ќе се отворат 2.000 работни места во Грција“, рече Самарас.Италијанскиот министер за развој Коради Пасетра ја истакна „можноста за значително финансирање на проектот“ со пари од ЕУ и рече дека неговата земја сака да стане „гасен јазол“ на европскиот југ.Носител на проектот кој на почетокот би требало да пренесува 10 милијарди кубни метри гас годишно, е конзорциумот кој го сочинуваат швајцарски Axpo, норвешки Statoil(обата со по 42,5 отсто учество) и германски Eon (15 отсто).
МакфаксАлбанската, грчката и италијанската влада потпишаа во ср