Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, денеска изјави дека опозицијата бара да се одложат парламентарните избори во земјата, закажани за 18 јуни, јави БТА.
-Во земјата нема услови за чесни избори, бидејќи криминалната и корумпирана Влада на Еди Рама ги манипулира, изјави Баша и додаде дека доколку не се формира техничка влада нема да има и избори.
Лидерот на демократите соопшти дека ќе продолжат протестите на опозицијата во Тирана, кои се собрани во шатори пред зградата на владата.
Коментирајќи ги барањата на опозицијата, премиерот Еди Рама изјави дека и покрај протестите избори на 18 јуни во Албанија, сепак, ќе има.
Коалицискиот партнер во владата на Рама, претседателот на Парламентот и лидер на Социјалистичкото движење за интеграција, Илир Мета, изјави дека не е добро избори да се оддржуваат без опозиција.-Во земјата нема услови за чесни избори, бидејќи криминалната и корумпирана Влада на Еди Рама ги манипулира, изјави Баша и додаде дека доколку не с