Албанската опозиција, која протестира без прекин од 18 февруари, од следната недела најави радикализација на протестите, почнувајќи со блокирање на сите патни правци во земјата, јави дописникот на МИА.За в понеделник, ден пред доаѓањето во Тирана на германскиот преговарач за надмнување на политичката криза во Албанија, Дејвид Мекалистер, кој е претседавач со Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, опозицијата најмалку еден час ќе ги блокира патиштата.
– Ќе се обединиме меѓу 11 и 12 часот за целосна блокада на националниот сообраќај низ цела Албанија, најави лидерот на најголемата опозициска сила во земјата, Демократската партија, Љуљзим Баша,
Тој верува дека оваа форма на протест, користена и претходно од неговата партија, ќе ја засили пораката на одлучност на опозицијата дека не се откажува од барањето за техничка влада.
– Единственото решение е техника влада со народен мандат да се бори против дрогата, да го гарантира гласот на Албанците и да ги истера крминалците од извршната власт. Дијалог? Апсолутно, за да се постигне тоа, порача Баша.
Тој додава дека она што го почнуваат в понеделник ќе биде само „прво предупредување дека нема враќање од патот за целосна победа на граѓанската кауза“.
Паралелно со протестите в понеделник, за кои не ја отфрла можноста да продолжат, обеднетата опозиција се подготвува и за масовен протест на 7 мај во градот Каваја, кога ќе се гласа за избор на градоначалник, со цел, според Баша, да се спречат избори „организирани од соживотот на Владата со криминалот“.За в понеделник, ден пред доаѓањето во Тирана на германскиот преговарач за надмнување на политичката криза во Албанија, Дејвид Мекалистер, кој е пр