Албанската полиција во средата напладне фати 14 имигранти кои нелегално влегле во Албанија, јави дописникот на Макфакс.Станува збор за имигранти од Сирија, Алжир и Тунис, кои беа фатени во градот Тепелена во јужна Албанија.Полицијата соопшти дека двајца албански државјани биле водичи на овие имигранти, кои наплатувале по 600 авра за секој имигрант. Имигрантите влегле нелегално од Грција, а крајна цел им била Италија.Во последните месеци зголемен е бројот на имигранти кои нелегално доаѓаат во Албанија од арапските земји, со цел потоа да заминат во земјите од Европската унија(ЕУ).
МакфаксАлбанската полиција во средата напладне фати 14 имигрант