Албанската полиција: Немаме уапсено леце под името Милер

По објавените информации во албанските медиуми дека Интерпол во Тирана го има уапсено екс перуанскиот министер за надворешни работи Мануел Аугосто Блекер Милер, албанската полиција негира дека има уапсено лице под тоа име.Нема меѓународна потерница за такво име, се наведува во соопштението на полицијата. Инаку, Милер е обвинет за државен удар во Перу во 1992 година кога претседател на државата беше Алберто Фуџимори.По објавените информации реагираше и компанијата „Аполонија Инвестменст“ која ја има основано перуанецот Милер во Албанија.Таа покрај другото наведува дека Милер се јавил самоволно во Албанската полиција за емиграција на 10 јануари за да ја разгледа состојбата со работната виза во Албанија.Повеќе информации, за лицето кое вчера наводно било уапсено, не се објавени.
 
МакфаксПо објавените информации во албанските медиуми дека Интерпол во Тирана го има уапсено

Пронајдете не на следниве мрежи: