ДА Е ЈАСНО ЗА СИТЕ!Пет причини зошто не треба да се усвојат измените во законот за јазиците!
Новиот Предлог-закон за употреба на јазиците е штетен за Република Македонија од повеќе аспекти и не треба да биде усвоен заради следниве причини.
1. Со неговата примена во државата ќе се воведе (редундантен) јазичен паралелизам, при што македонскиот јазик ќе ја изгуби кохезивната функција во општеството, односно веќе нема да биде обединувачки елемент и заедничко средство за комуникација за сите граѓани.
2. Албанскиот јазик ќе добие привилегиран статус во Република Македонија, при што во сите органи на државната власт, централните институции, јавните претпријатија, агенции, дирекции, установи, организации и комисии, во судовите, јавните обвинителства, како и во единиците на локалната самоуправа во кои албанската етничка заедница сочинува над 20% од населението, неговата употреба ќе биде задолжителна, а наспроти тоа употребата на македонскиот јазик ќе биде незадолжителна за граѓаните на Република Македонија со албанско етничко потекло.
3. Примената на предложениот Закон за употреба на јазиците ќе го продлабочи етничкиот јаз меѓу граѓаните на Република Македонија, ќе го засили сепаратизмот на албанската етничка заедница и ќе го поттикне развојот на ирендентистички тенденции, чија потенцијална крајна консеквенца е дезинтеграција на државата.
4. Спроведувањето на законот ќе предизвика големи и трајни фискални импликации врз Буџетот на Република Македонија, а исто така и на сите институции задолжени за неговата примена ќе им бидат наметнати материјално-финансиски и други обврски, што ќе има негативно влијание врз нивното функционирање и истовремено ќе претставува непотребно оптоварување од организациски, кадровски и од финансиски аспект.
5. Истовремено, примената на предложениот закон ќе поттикне револт меѓу мнозинството граѓани предизвикан од неговиот репресивен сегмент, односно ќе доведе до неизбежни негативни реакции што може да достигнат до степен на граѓанска непослушност поради драконските казни утврдени во Член 22 став (1) и (2) за припадниците на македонскиот народ и за граѓаните со турско, ромско, српско, бошњачко, влашко и друго етничко потекло, кои не го знаат и не го зборуваат јазикот на привилегираното малцинство (албанската етничка заедница).
Јовица Тасевски-Етернијан, поет, книжевен критичар и есеистПет причини зошто не треба да се усвојат измените во законот за јазиците!
Новиот Предлог-закон за употреба на јазиците е штетен за Републик