Албанскиот премиер е тешко болен?

Поради влошена здравствена состојба, албанскиот премиер Еди Рама денеска отпатувал во приватна медицинска посета на Шведска.Електронското издание на весникот „Опозита“, повикувајќи се на „сигурни извори“, наведува дека Рама ќе престојува во позната специјализирана шведска клиника, поради проблеми со белите дробови.
– Оваа ненадејно заминување во болницата во Шведска е поради видно влошеното здравје последните денови. Она што паѓа во очи е фактот што од канцеларијата за односи со јавноста во Владата нема никакво официјално соопштение, а околу ненадејното заминување на Рама во Шведска нема ништо ниту на официјалната владина веб страница, стои во написот на „Опозита“.Останатите медиуми, кои ја пренесуваат веста, нагласуваат дека ненадејното заминување на Рама во Шведска побудило многу сомнеж во врска со неговото здравје.- При неговите последни средби, посебно за време на посетата на Белград и средбата со српскиот премиер Александар Вучиќ, Рама очигледно изгледаше преморено, со забрзано дишење кое беше воочливо. Неговите „експерти“ за комуникација со јавноста изјавија дека тоа било поради неговите емоции. Сето тоа, најверојатно да ја затскријат неговата влошена здравствена состојба, наведуваат медиумите.Попладнево дел од медиумите пренесоа порака на Рама од неговиот профил на Фејсбук. Во неа тој кусо пишува: „Сега сум во Стокхолм на средба со шведските амбасадори од регионот и од неколку други земји во врска со новата динамика на нашата надворешна политика“Електронското издание на весникот „Опозита“, повикувајќи се на „сигурни извори“, наведува дека Рама ќе престојува во познат

Пронајдете не на следниве мрежи: