Две млади момчиња од кумановско Слупчане се лицата кои попладнево го симнаа македонското знаме од јарболот на кумановскиот плоштад и поставија албанско знаме.
Станува збор за Л.С. и Љ.К. кои биле приведени од страна на полициски службеници.
Мотивите за ваквиот нивен потег засега се непознати. За инцидентот е информиран надлежен Јавен Обвинител и во дополнителниот разговор ќе се откриваат мотивите на сторителите.
Во Тиранската платформа се бара отворање дебата за државните симболи. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изрази подготвеност да разговара.
Видео: кликни тукаСтанува збор за Л.С. и Љ.К. кои биле приведени од страна на полициски службеници.
Мотивите за ваквиот нивен потег засега се непознати. 
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.