Албанија продолжува да ја брани Тиранската платформа која ја потпишаа албанските политички партии од Македонија, а која лидерот на СДСМ Зоран Заев безусловно ја прифати. За нив Македонија е Илирида, а албанска пратеничка во свое обраќање директно го негира постоењето на Македонците и македонската држава Месила Дода е пратеник до албанското собрание од партијата PDIU, која пак е во коалиција со Социјалистичката партија на Еди Рама. Изјава во која таа го негира македонскиот идентитет, велејќи дека „под итно да се соберат сеалбанските политички сили и да помогнат Илирида да одржи референдум за прогласување на самостојност“ е дадена вчера на собир на кој говорела пред новоприклучените партиски членови.
-Ќе кажам два збора на крајот од ова мое излагање и за една покраина која ми стои во срцето, таа е земјата наспроти Илирида, стара албанска покраина на која денеска и името сме и го заборавиле и некои ја вика Македонија, некои ја викаат ФИРОМ, ние пак ќе повториме Илирида. Ви се обраќам, од тука, од албанската страна на граница, но не се сомневајте за многу брзо ќе се обратам и од другата страна на границата. Нема да може Иванов, Груевски или некој друг анти-Албанец да си игра со животите на тамошните Албанци и да ја претворат во европската Палестина. Албанците од Илирида треба да бараат целосни права доколку Заев се повлече и доколку претседателот што го потпиша крајот на својата држава не даде оставка, треба под итно да се соберат сеалбанските политички сили и да помогнат Илирида да одржи референдум за прогласување на самостојност. Оваа држава без никакво значење не може да ја пронајде својата причина за постоење во злоупотребата и непочитувањето на правата на Албанците од Скопје, од Тетово, од Гостивар, од Охрид и од Струга. Завршениот претседател на Македонците им се закани на Албанците со војската на оваа фантом држава. Тој знае дека оваа војска има повеќе албански синови на албански мајки кои не вртат пушка против својот брат Албанец. Албанците од УЧК на Шара вчера се изјаснија дека по секој ацена ќе ја бранат Иллирида ние денес им кажуваме, не сте сами Албанија е со вас! Татковината ќе ве поддржува без сомневање. Јас сум претставник на политиката што не бара рушење, не бара насилство, но бара гордост, благосостојба и соединување. Ние заедно може да успееме, ние заедно може да ја одбраниме светата земја Илирида. Таа е албанска и ние заедно имаме една нација, имаме еден став и имаме една татковина од „Превез“ до „Molle e Kuqe“ Албанија на четирите вилаети, Албанија на 8-те милиони Албанци, вели Дода.
За потсетување креатор на Тиранската платформа е токму Еди Рама. Истата од албанските партии во Македонија беше потпишана на 7-ми јануари оваа година, по одржаната средба со него.
Месила Дода е пратеник до албанското собрание од партијата PDIU, која пак е во коалиција со Социјалистичката партија на Еди Рама. Изјава во која та