Алберт Сониксен Aмериканец кој стана Комита

Роден е на 5 мај 1878 год. во Сан Франциско, Калифорнија, САД. На 21 година (1899) тој е учесник во американската експедиција за освојување на Филипините. Како бунтовник-хуманист, тој преминува на страната на месните востаници. Како резултат од таа авантура, во 1901 година ќе ја објави својата книга „Десет месеци заробеник на филипинските острови“, а потоа и „Морските разбојници“ итн. По Илинденското востание, кога интересот кон македонското прашање се засили, Сониксен се поврзува со емигранти од Македонија, и се вклучува во полза на движењето на угнетените во Македонија и Одринско. Како секретар на Македонскиот комитет во Њујорк, тој решава поблиску да се запознае со суштината на македонското ослободителното движење.
Како македонски четник,  во четата на војводата Апостол Петков Терзиев, прекрстарил низ повеќе делови на Македонија. Се среќавал со обични селани, печалбари, четници, војводи и раководители на МРО, меѓу кои и со Даме Груев. Во 1907 год. објавил многу написи во американскиот печат и се јавил како заштитник на македонската ослободителна кауза. Тој е и автор на книгата „Исповед на еден македонски четник“.
Умира на 15 август 1931 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.